Која е најсреќната песна на светот?
Музиката навистина го придвижува светот. Без разлика дали станува збор за весела песна што ви го разубавува денот, тажна мелодија што ви помага во тешките моменти или некоја љубовна песна посветена на саканата личност, музиката е важен дел од нашите животи. Па, која песна е најсреќна според науката?
Најсреќната песна во светот
Едно истражување открило дека песната „Don’t Stop Me Now“ од Queen е најсреќна во светот. Но откако се направиле неколку промени во формулата за одредување на најсреќната песна, хитот на Queen се нашол на второто место. Според истражувачот Џејкоб Џолиџ, кој ја смислил формулата, најсреќна песна е „Mr. Blue Sky“ од Electric Light Orchestra.
Како е одредено која е најсреќна песна?
Сигурно се прашувате што ја прави една песна среќна. Проучувајќи 126 песни од период од 50 години, Џејкоб успеал да ја создаде неговата формула. Додека ја изведувал формулата, Џејкоб направил и анкета во која учествувале 2.000 луѓе кои кажале кои песни ги прават најсреќни.
Според неговото истражување, обично сакаме песни со поразлично темпо од она на поп песните, песни кои се во дурска скала и се малку покомплексни од песните со само 3 акорди.
Кога ќе се земе ова предвид, среќните песни се со темпо од 150 удари во минута, додека поп песните имаат темпо од 118 удари во минута. На пример „Don’t Stop Me Now“ има темпо од 156 удари во минута и е во скалата Еф-дур, што ја прави навистина среќна.
Џејкоб дополнително ја доработил формулата и вклучил систем со кој оценува колку е среќна една песна на скала од 1 до 100. Џејкоб исто така изјавил дека она што се смета за среќна песна во Ливерпул, може да биде поразлично од она што се смета за среќна песна во Џакарта.
Претходно истражување
Џејкоб го засновал неговото истражување на претходно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Мисури. По 2-неделното истражување, научниците откриле која музика им го подобрува расположението на луѓето.
Џејкоб бил оној кој го вметнал темпото на песната во формулата. Исто така тој открил дека скалата во која е напишана песната е важен фактор. Дополнително, Џејкоб открил дека песните што прават да се чувствуваме најдобро имаат текстови кои се фокусираат на позитивни теми.
Други песни на листата
Веќе спомнавме дека првото место ѝ припаѓа на „Mr. Blue Sky“ а второто на „Don’t’ Stop Me Now“. На трето место се наоѓа хитот „Good Vibrations“ од Beach Boys. Во првите 10 на листата се нашле и следниве песни:
4. „The Riddle“ – Ник Кершо
5. „I’m a Believer“ – Monkees
6. „I’ll Be There for You“ – The Rembrandts
7. „Pamela“ – Тото
8. „Mambo No. 5“ – Лу Бега
9. „Our House“ – Madness
10. „Wake Me Up Before You Go Go“ – Wham
Формулата за најсреќна песна
Според Џејкоб, ова е формулата со која можете да ја одредите најсреќната песна:
60 + (0,00165 х темпо – 120)² + (4,376 х дур) + 0,78 х број на акорди – (дур х број на акорди)
Во меѓувреме, слушнете ја и најсреќната песна на планетата и расположете се…
Дали ја имате слушнато песната која го намалува стресот за 65%?
Најсреќната песна на светот е Happy на Pharell и точка. Нема песна што може да ме пренесе од сиво во розово расположение толку бргу.