Која е најпопуларната песна за 2011 според Си-ен-ен?
Додека светот се надеваше дека најдобрата песна за 2011 година ќе биде некоја од хитовите на Адел, Џастин Бибер, Лејди Гага или други слични поп изведувачи, светската медиумска куќа Си-ен-ен ја претстави индиската песна насловена како „Why This Kolaveri Di?“ од досега за светот анонимниот пејач Дхануш, како хит на годината.Песната е испеана на измешан тамилски и англиски јазик, а во груб превод значи „Зошто овој убиствен бес, девојко?“ или на англиски јазик „Why This Murderous Rage, Girl?“.
Таа е направена за да се најде на саундтракот на филмот „3“ зад кој стои индиската филмска продукција „Kollywood“. Имено, причината која Си-ен-ен ја наведува за прогласувањето на оваа песна како најголем хит за 2011 година е нејзината брзорастечка популарност на Јутјуб. За само еден месец од нејзиното поставување на овој сервис (16 ноември), песната била прегледана повеќе од 28 милиони пати.
Денеска песната е прегледана повеќе од 34 милиони пати, а најинтересното е тоа што тотално го полуде светот. Индиската полиција веќе го користи името на песната во својата најнова маркетинг кампања за безбедно возење, а на Јутјуб веќе се појавија безброј преработки.
Англиска преработка:
Италијанска преработка:
Во еден трговски центар во Оукленд се одигра дури и флешмоб на овој хит. Песната може нема да ви се допадне, но верувајте неколку дена ќе си ја пеете во себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Подобро оваа трака отколку гореспоменатите Гага Бибер
Djabe citav i slusav…
Se zarazivv!! hahaha