14 популарни песни кои ќе ги вратат назад во детството оние кои растеле во 90-тите
Основното и средното училиште беа истовремено чудни, забавни, но и лоши периоди од сечиј живот. Вашите родители ви купуваа облека, имавте часови за сексуална едукација и компјутерските лаборатории беа голема работа. Вашата иднина беше детерминирана од партијата „Каунтер Страјк“ со вашиот тим. Но, едно од најносталгичните нешта од тој период беше нашата љубов за музиката. Се сеќавате колку вашиот живот се вртеше околу вашите омилени песни? Потсетете се колку убава музика се слушаше тогаш… Погледнете ги следниве 14 класични хитови без кои сигурно не можевте да поминете ниту еден ден.
1. Get Low – Лил Џон
Вие дефинитивно сте мислеле дека оваа песна е многу кул кога сте имале околу 12 години. Таа истовремено е многу моќна, погрешна и правилна. Исто така сигурно вашите родители ја мразеле, па затоа и вие сте ја сакале уште повеќе.
2. A Thousand Miles – Ванеса Карлтон
Девојчињата ширум светот врискаа на оваа песна и свиреа воздушно пијано кога ги препознаваа почетните акорди. Немаше ниту една тинејџерка која не ги знаеше напамет зборовите и не уживаше целосно во овој спот.
3. Crazy in Love – Бијонсе
Оваа песна ги инспирираше дури и најсрамежливите девојчиња да ги изведуваат своите „о оу“ танцови движења во истиот момент кога ќе го чујат гласот на Бијонсе. Всушност, оваа песна беше првиот момент кога таа ја започна својата легендарна кариера, како и една од најмоќните љубовни врски во светот на музиката.
4. Yeah – Ашер
Како шефови, вие сигурно ги знаевте сите зборови на оваа песна. Исто така сте се погрижиле да го знаете и целиот дел на Лудакрис (вклучувајќи ги и звуците) кој е тотално несоодветен за помладите уши.
5. Unwritten – Наташа Бедингфилд
Ниту една песна не правеше да се почувствуваме посреќно од оваа. Наташа Бединфилд беше Кејти Пери пред таа да се појави на сцената. Сигурно секогаш кога ќе ја чуевте оваа песна вие ги собиравте вашите пријателки, формиравте круг и пеевте од срце.
6. Candy Shop – 50 Сент
Оваа песна беше вовед во еден свет од која подоцна нема враќање. Добре дојдовте во адолесценцијата. Од тогаш, сигурно не гледате на лижавчињата на истиот начин.
7. Everytime We Touch – Каскада
Зарем постоеше домашна журка во која оваа песна не се пушташе барем 3 до 4 пати? Всушност сите песни од овој бенд беа одлични за танцување и забави, па токму затоа и тие беа неизбежен дел од поголемите собири.
8. Hey Ya – Ауткаст
Секоја девојка сакаше да биде Бијонсе или Луси Лиу по оваа песна. Оваа песна без сомнение и ден денес остана како луд епски производ на оваа легендарна рап група.
9. Lose Yourself – Еминем
Кога оваа песна ќе почнеше, во истиот момент сите и сè останато околу вас избледуваше. Вие станувавте ваша верзија на Еминем и рапувавте заедно со него. Оваа песна исто така беше и одлична за загревање пред спортски натпревар или за вежбање во теретана. Можеби и сè уште е…
10. Hot In Herre – Нели
Сигурни сме дека сè уште ги знаете зборовите на оваа песна. Признајте!
11. Hollaback Girl – Гвен Стефани
До ден денешен, кога ќе го чуете зборот банана сигурно ви доаѓа да го спелувате со гласот на Гвен Стефани. Оваа песна е дефинитивно класика! И дали се сеќавате како таа ги натера чудните девојчиња во училиште да сакаат да бидат Хараџуку девојчиња?
12. Grindin’ – Клипс
Вие не бевте кул доколку не знаевте да го рекреирате ритамот на оваа песна врз вашата училишна клупа. Сè што ви беше потребно беа вашите раце и молив и одеднаш станувавте главни фраери.
13. Photograph – Никлбек
Во ред е, можете слободно да признаете. Постоеше време кога мислевте дека овој бенд е многу кул, нели? Никој не ве осудува… (освен ако сè уште не ги сакате!)
14. How To Save A Life – Д Фреј
10 години подоцна и сè уште не знаете каде нештата тргнаа погрешно. Толку добра, но сепак тажна песна.