Поезија: Зрнца на љубовта
Автор: Катерина Неделкоска
Што убаво си врне.
Мирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила… Мирис на есен.
Поосамена од обично.
Не јас. Есента.
Јас… Мене ми е добро.
Го комбинирам старото со новото,
минатото го сакам назад, барем на кратко.
Кој може да ме обвини, студеново време ми ги врати спомените.
А ги имаме премногу.
Посебно во сезоната на калинките.
И ноктите ми се во боја на калинка.
Додека внимателно ги одбирам најубавите зрнца,
не можам, а да не се потсетам на тебе.
Нивниот вкус е како вкусот на нашето минато.
Трае кратко, а е толку силен, впечатлив.
Вкусот го чувствувам долго потоа.
Велат дека за да го почувствуваш вистинскиот вкус на калинките
мораш да земеш повеќе зрнца одеднаш, само така се добивал целосниот впечаток.
Не, не.
Јас ги сакам едно по едно.
Ме потсетува на тоа дека најслатките задоволства на животот, се кратки.
А сепак постојат!
Да живее есента!
Секогаш успешно те носи во мојот живот.
За малку љубов, малку хаос.
Малку моментална среќа. За шолја топол чај во нашето омилено кафуле,
за твојата насмевка која во овој период од годината е најубава.
За прегратки, за моите дланки да се стоплат во твоите.
За моите усни да најдат мир врз твоите.
За денес.
Затоа што утре не ме интересира.
Не сме ние за иднина, сегашноста е наша.
Кому му е гајле за иднината, јас живеам за денес.
И онака есенските дождови успешно успеваат да ги избришат гревовите од изминатите години.
И од целата наша приказна, го паметам само убавото.
Само тоа ми е потребно.
Tektov go imam procitano i e od drug avtor, dokolku ostavate tekstovi sto ne se vasi barem dajte kredit na avtorot 🙂
Супер текст Натали, штета што не е твој. Нема смисла вака да ми ги објавувате текстовите. Напишете си свое и пратете, затоа рубрикава се вика “предложи содржина”, за да предложите своја содржина, а не нешто што сте го украле од туѓ Фејсбук профил.
Поздрав, и се надевам дека ќе биде наскоро тргнат текстов, затоа што освен што е украден, и скратен е!
Сакам да се извинам.. и да се отргне текстот.. исто така се извинувам и на вас .. навистина не е лично мој текстот .. го најдов во компјутерот и помислив да го пратам .. и уште еднаш ви се извинувам
Натали, објавените содржини не можеме да ги отстраниме. Те назначивме како предложувач на содржината, а не како автор за да не се добива впечаток дека се работи за плагијат. Штом добиеме реакција од авторот, се надеваме дека брзо ќе може да ја поправиме грешката.
П.С. Се обидовме да ти испратиме лична порака преку имејл на адресата што ја имаш оставено. Ни се врати мејлот.