Што нема да ви кажат на работа...

Што нема да ви кажат на работа…

Автор: Високо Ц

За оние кои не знаат, а и за оние кои знаат, се сметам себеси за среќна што припаѓам на онаа група луѓе во Македонија која е вработена. Арно ама, се вработив со уште незавршен факултет, уште незапознаена со односите меѓу луѓето, а камоли со односите на работното место.

После многу години работа, наидов на есеј во кој беа објаснети сите нешта кои не збунуваат на работното место и кои мора да ги анализираме за да ги одгатнеме.

Каде ли се криеше цело ова време?

Бидејќи еден од советите е да бидеме фини и љубезни (во разумни граници) ќе бидам фина и ќе споделам со вас неколку од нив кои никој нема да ви ги каже кога ќе се вработите, а кои јас ги научив на потешкиот начин.Што нема да ви кажат на работа...Прво и најосновно и потоа со ред:
.

  • „Ќе ви ја понудат/исплатат најниската можна плата“

Тажно, но вистинито. Доколку протестирате, веројатно ќе ве информираат дека постојат многу други луѓе кои чекаат да го земат вашето место за помала провизија… ако го одбиете. Ако ви е повеќе важна сигурноста која ја нуди работното место, а не платата, може да си дозволите да побарате покачување во годишниот извештај. Во меѓувреме, градете „блескаво“ CV и презентирајте го во соодветни моменти. Водете евиденција за својата работа, резултати и вашите подобрувања како доказ. Да, ова може да значи волонтерство на проекти, преземање на екстра одговорност, давање сугестии, а понекогаш и голтање на сопствената гордост. Што и да правите, треба да сфатите дека сето тоа е средство за исполнување на вашата крајна цел.
.

  • „Доброто магаре го носи најтешкиот товар“

Во суштина, треба да работите паметно, а не потешко и повеќе. Издвојте ги клучните сегменти на вашата работа, идентификувајте ги сопствените работни приоритети, но немојте да ги заборавите и рутинските задачи. Нив можете да ги систематизирате по важност, да ги делегирате или да ги игнорирате (но на краток рок секако).

Во никој случај (ова може да биде малку тешко) не дозволувајте да ви префрлаат работа која не е ваша. Замолете ги да побараат некој друг за тоа, или само сугерирајте дека има и подобро квалификувани од вас за таа работа.
.

  • „Бидете забележани – добијте унапредување“

Реално, не е битно што и колку знаете, битно е кој и како ве познава. Покажете дека вредите и секогаш бидете спремни. Покажете амбиција и ентузијазам (само не претерано). Всушност, бидете професионални и одговорни.
.

  • „На работа не одите за да им се допаднете на луѓето“

Тоа не значи дека треба да бидете мизерни и непријатни со сите околу вас. Но, ако постојат луѓе кои не се вклопуваат во вашата желба за напредок, не мора да ги толерирате. Постојат многу „намќори“, „оговарачи“ и „гребатори“ во секоја организација. Овие луѓе се токсични. Едно лошо јаболко, може да ги упропасти сите. Избегнувајте ги и дружете се со оптимисти, креативни и енергични луѓе.
.

  • „Перцепцијата е реалност“

Облеката (надворешниот изглед и став) сепак го прават човекот. Ако се облекувате како простак, ќе мислат дека сте простак. Ако зборувате надмоќно, ќе бидете сфатен како гладен за докажување. Треба да се облекувате, делувате и разговарате од позиција на компанијата за која работите. Создадете слика во својот ум и почнете да се однесувате во согласност со неа.
.

  • „Информацијата е моќ“

Има различни форми на моќ, а информацијата е една од клучните. Оценувајте ги информациите кои ги добивате или дознавате и користете ги во вистинското време на вистинското место.

И секако,
.

  • „Не верувајте никому“

Длабоко во себе, колку и да се фини луѓето околу вас, сите имаат свои лични интереси… исто како и вие.

После целиот овој муабет, време е за мојата кафе пауза. За жал, цимет нема. За среќа има останато малку чоколадно млеко. Сосема доволно да ми украде насмевка и да ми помогне утре расположена да ја започнам работната недела.

На здравје кафе мили мои!

Високо Ц


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Една Reply

    Големо браво до авторот на овие колумни. Ми се допаѓаат сите досега, а од оваа сум особено воодушевена. Содржината е многу убаво склопена, а истовремено и многу корисна. На македонските портали им се потребни колумни од овој тип. Само напред!

  2. Високо Ц Reply

    Благодарам! 🙂

  3. Голема Надеж Reply

    Тоа е така бидејќи македонските портали всушност преведуваат вести од странските портали од збор до збор – со други зборови не се внесуваат себеси при искажувањето, па дури може и да се насети англиската структура на реченицата.

    Имам впечаток дека тоа не е случај со оваа колумна – пријатно сум изненаден, само напред!

  4. Zoran Reply

    Браво за статијата, сум ги искусил повеќето работи споменати овде и се сложувам со повеќето совети.

  5. jule Reply

    Seto ova e ve’e videno,kako [to kazav vo diskusijata – promenite go dvizat svetot ,megutoa samosvesnosta kaj nekoi luge e od samiot pocetok na nivnata rabota -informacijata i da ja barate i ne -moze da bide skriena ,moze voop[to da ne se saka da bide slu[nata.Nekoi luge da ne kazam 98% funkcioniraat taka , toa se energetski cicaci ( TAKA SE HRANAT ZA DA OPSTANAT VO BILO KOJA INSTITUCIJA).I da se trudite so va[iot izgled , strucnost , profesionalnost ,…sekoga[ postojat ocenki megutoa dali ocenkata doaga od vistinskata licnost e znak na pra[anje ..
    Plata sekoga[ nivnoto da ke se pobie so va[eto ne i taka se do nedogled.
    Imame frustrirani kolegi ,zaspani , ne motivirani , neprofesionalni ne strucni ,lo[i itn…motivirani megutoa nesrekni [to nemaat rabota po merka , profesionalni nemotivirani,dobri-zaspani itn……
    Nema re[enie vaka vo nedogled…….Vreme za kafe , da prodolzime ponatamu

Остави коментар