Оваа есен
Автор:
Под нозе крцка златест прав,
срцето згрчено, болно од страв.
Над глава се мурти сив облак,
пред очи паѓа густа магла.
Талкам изгубена низ својот сон,
моето единствено безбедно гнездо.
Талкам, мечтаејќи по Тебе,
не, не се уморив да се уништувам себе.
И, не знам која есен е по ред,
одамна јас престанав да ги бројам годините.
Ти си запишан во моето срце,
и твоето место не е во спомените!
Оваа есен не е ништо без Тебе,
само едно здодевно годишно време.
Обоена во палета со разни бои,
секоја своја судбина си крои.
И нека не престане да врне дожд,
и нека е црно бела,
и нека ги изнесе на виделина сите свои дела…
Ако си Ти до мене и Таа станува толку неважна и далечна…
ОВАА ЕСЕН.
Каква и да е, само помината нека е со Тебе!