Ноќи кои раѓаат незаборав

Поезија: Ноќи кои раѓаат незаборав

Автор: Ирена Постолова

Ноќи кои раѓаат незаборав

Пролетните ноќи раѓаат незаборав,
ја појат душата и очите.
Шепотат… таму некаде под ѕвезденото небо
блеска чиста љубов посеана,
опива мирисот од сочните бакнежи.
Таму некаде расне тревата по која газевме
и љубовта ја растевме,
сè уште влажна од нашите солзи,
како штотуку исплакани, пресни.
Таму некаде дрвјата ги наведнале гранките,
тажат по нас, по споените срца,
најсилните прегратки,
по најслатките зборој и утехи.
Таму некаде пак врне најслаткиот дожд
со кој ја полевавме љубовта
додека за вечно сакање се колневме.
Таму некаде пак гали најнежното ветре
кое го носеше шепотот „те љубам“ до ѕвездите
и го враќаше во срцата.
Таму некаде пак изгрева полната месечина
која трепереше од нашата страст,
од ненаситните усни и нивната сласт
и се смешкаше на разбушавените коси.
И… сè остана таму некаде,
и овде и секаде, во срцата и мислите.
Сега, таму некаде потонувам во сонот,
заспивам со пролетните ноќи
со најубавиот спомен во очите и
најсилната љубов во срцето!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар