Поезија: Има ли крај?

Поезија: Има ли крај?

Автор: Soldier of Love

Има ли крај?

Се буди нов ден.
Будилникот повторно ја пее својата мелодија.
Јас повторно се будам уморна.
Ништо ново на запад.
Повторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок.
Повторно истата мелодија според која чука моето срце.
Повторно истата тага и меланхолија.
Јас сум истата, на истото место, во истото време.
Деновите се копии едни на други.
Денови исполнети со кафе покрај креветот,
пепелник во кој една цигара постојано догорува
и истите тажни песни кои по којзнае кој пат предизвикуваат солзи на моето лице.
Повторно гледам грб кој го напушта мојот живот.
Повторно скршена, повторно ранлива и сама.
И по којзнае кој пат со себе го носам својот најскапоцен моден додаток – насмевката.
Насмевка која ги крие тие солзи, таа болка, таа меланхолија.
Моите очи молат некој конечно да земе гума и да ја избрише таа болка, но…
како и секогаш, нема никој кој ќе ги слушне моите неми повици за помош.
Светот е полн со луѓе, а сепак осаменоста е константна.
Осаменост која убива, гуши и омалува…
Има ли крај на оваа душевна апатија?
А ако има, каде е?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. bojana93 Reply

    spasot e vo samite sebesi…promeneti gi svoite misli ke se promeni i vasata sudbina…covekot e toa so misli…mislete pozitvino ke sleduva dobro …mislete negativno ke sleduva zlo!!!!

  2. Bagz Reply

    Позитивните мисли? Да и јас така мислев долго време.. но што кога веќе ќе нема на што позитивно да мислиш.. толку исто се чувствувам како авторот/ката..

  3. рибичка Reply

    човек неможе да биде среќен сам, а уште помалку кога е опкружен со злоби луѓе, во таа ситуација колку и да се труди, неможе да биде среќен.

Остави коментар