Држење за рака

Држење за рака

Девојчињата од претшколска возраст, се „заљубуваат“ во момче од исто маало или од градинка, најчесто во она кое ѝ ја зема куклата и редовно ја задева.

Во основно, девојчињата најчесто негуваат симпатии кон момчиња со сини очи и плава коса, бидејќи така изгледаат принцовите од бајките, или пак за симпатија го избираат оној кој во класот е популарен и кого сите го „сакаат“.

Во средно, девојките сакаат дечко на кого му се познаваат добро исцртани стомачни кога ќе ја крене маицата на физичко. Обично критериумот е да биде висок, згоден, неопходен, и да игра фудбал или кошарка.

Во раните 20-ти години од својот живот, девојките бараат лошо и бестрашно момче и сонуваат дека арогантниот заводник ќе биде добар само спрема нив, а кошмар за останатиот свет.

Како што жената созрева, бара маж кој би бил добар татко и сопруг, грижлив и заштитнички настроен кон семејството. Во овој период критериумите се менуваат, а лошите момци се заменуваат со момци кои се материјал за брак.

На старост, на жената ѝ треба некој кој ќе ја држи за рака, кој ќе ја сака иако е збрчкана и згрбавена, некој со кого заедно ќе гледаат како внуците им растат.

Држење за рака

Момците од претшколска возраст, трчаат по прцлата од маало, која ги команда момчињата, и е татина маза. За да добијат внимание ќе ѝ ја земаат куклата или ќе ѝ го кренат фустанчето во јавност.

На 10 годинки, мора да има симпатија бидејќи сите во класот имаат, па ќе ѝ праќа тајни писменца и ќе се мести да седи до неа на часови.

Во средно, момците сакаат популарни женски, стегнати и дотерани дури и кога одат на училиште, и по можност некоја на која не ѝ треба многу убедување.

Како што им доаѓа време за брак, им треба некоја која по малку ќе ги потсеќа на мамичка, која е добар материјал за домаќинка, која ќе биде грижлива мајка, и на која нема да ѝ пречи кога тој ќе прдне под чаршаф или кога гласно ќе ждригне после пивото.

На старост, им треба некоја која ќе ја држат за рака, за заедно да им се тресат рацете и да се навраќаат на убавите спомени низ годините.

Мојот дедо ѝ ја отвора вратата од кола на баба ми и по 50 години поминати во брак, ја пушта да победи кога играат карти, ги држи внуците под контрола дека ќе го изедат грижливо подготвуваниот зелник на баба, а попатно се фали дека не пробал повкусен. Дедото на моја другарка, ѝ ги собува чевлите на жена си кога се враќаат од прошетка, за таа да не се наведнува и да не се мачи, а бидејќи видот ѝ е лош, седнува до неа и по ред ѝ ги чита весниците од збор до збор.

Без разлика кои или какви ни се критериумите низ годините, на крај сè се сведува на личност која ќе нè држи за рака…

„Незрелата љубов вели те сакам затоа што ми требаш, зрелата љубов вели ми требаш затоа што те сакам.“ – Ерик Фром

До следното читање,

Вашата Ели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Christinna.. Reply

    El prekrasno napisano kako i sekogas! Bravo! :*

    • Ели Радеска Reply

      Фала Кик 🙂 :*

  2. Катерина Reply

    Убаво и вистинито. Има такви љубови, но не се толку чести, не издржуваат во времето. А кога имаш некој за рака подоцна во животот (не само кога си млад) е вистинска среќа и вистинско уживање во животот. Не си го искусила Ели, мислам дека си млада, но си го трефнала во колумната. Можам да ти потврдам со искуство….. Поздрав

Остави коментар