Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе читате книга што другите веќе одамна ја прочитале

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе читате книга што другите веќе одамна ја прочитале

Речиси секој на своите полици ја има онаа книга која е купена уште многу одамна, собира прашина и сѐ уште чека да биде прочитана. Секогаш кога некој ќе ви ја спомене, вие помислувате дека сте требало веќе да ја прочитате. Но, реално тоа никогаш не се случило. Можеби сте ја заборавиле или пак вниманието ви го одвлекло нешто друго. Секој веќе продолжил понатаму барајќи нешто ново, додека вие дури заборавивте дека некогаш сте помислиле да ја читате таа книга.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

Потоа, по одреден период кога ќе ја средувате вашата соба, ќе ја пронајдете и ќе се решите да ја прочитате во вашето слободно време. Може да ви се допадне или не, но сепак, ќе сакате да го видите крајот на тој бестселер за кој сите зборувале. Ќе завршите со читање за краток период, па тогаш ќе се прашувате зошто не сте го направиле тоа порано. Сепак, ќе помислите дека подобро е некогаш, отколку никогаш.

Но, тоа не е секогаш така, затоа што по читањето вие ќе се соочите со некои од овие чувства и ситуации.

1. Сакате да дискутирате со некого во врска со книгата

Кога ќе завршите со читањето, вие ќе сакате да зборувате со некого околу тоа. Без разлика дали ќе ги споделите доживувањата со вашите пријатели или некој член од семејството, тие веќе одамна ја прочитале, па во тој момент не се целосно подготвени за какви било дискусии околу случувањата опишани во книгата.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

2. Ги избегнавте критиките околу книгата

Може да ви е мило што сте ги избегнале негативните коментари околу книгата која била актуелна пред некоја година, но, од друга страна пак можеби сте слушнале нешто што не ви се допаѓа и што може да ви ја уништи целата слика за неа.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

3. Ја гледате филмската адаптација

Многу книги доживуваат филмска адаптација, па така, откако ќе ја прочитате книгата ќе бидете под нејзино големо влијание при што ќе сакате да го гледате филмот еднаш, а можеби и уште еднаш. А таа фаза веќе им поминала на оние кои ја прочитале со години наназад…

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

4. Проверувате дали има некои продолженија

Веднаш проверувате дали има продолженија на книгата за да ги прочитате што е можно побргу. Не смеете да дозволите повторно да ви се случи истата ситуација.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

5. Чувствувате како да не сте во тек со случувањата и вознемирени сте поради тоа

Ако сте пропуштиле некоја промоција на книга или филмска премиера само затоа што сѐ уште ја немавте прочитано оваа книга, тогаш може да се чувствувате како „отфрлени“ од сите случувања, па на некој начин да бидете и вознемирени. Би сакале да го вратите времето назад, но, за жал, тоа сѐ уште е невозможно.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

6. Читате стари објави на Интернет

Додека вашите пријатели ја прочитаа книгата и веќе се во потрага по нешто друго, вие се враќате назад и пребарувате по старите објави на Интернет. Можеби ќе најдете некој сличен на вас, па ќе имате можност за дискусија.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

7. Ветувате дека ќе ја прочитате најновата книга навреме

Тогаш ќе почнете да ги следите најновите најави за книга. Сигурно нема да сакате повторно да ја направите истата грешка!

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

8. Сепак, повторно го читате она што најмногу ви се допаѓа

И покрај ветувањата дека нема да препуштите да го прочитате најновиот бестселер, вие се враќате на своите омилени книги.

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочитале

Како и да е, постојат толку многу книги, а многу малку време. Затоа, покрај сѐ, најважно е да читате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар