Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

Наоѓањето добра книга за читање понекогаш може да биде многу тешко. Но, еве една листа од предлози кои веруваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

The Book Seer

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Постете ја веб-локацијата Book Seer и врз основа на тоа која книга ја имате претходно прочитано, ќе ви даде предлози базирани на слични автори и книги.

Goodreads

2-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_

На Goodreads можете да се поврзете со милиони фанови на книжевноста од целиот свет. На овој сајт можете да видите кои книги се највисоко оценети, кои имаат најдобри критики и така да направите соодветен избор.

Нобеловци

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Ако се двоумите, секогаш одберете некој автор-нобеловец, како Жан Пол Сартр, Алберт Ками или други познати писатели. Еве ја и официјалната листа на сите нобеловци во литературата.

Листа на најдобри книги

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Уште еден добар начин е да ја разгледате листата со 100 најдобри дела. Таму сигурно ќе најдете нешто вредно за читање.

WhichBook

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

WhichBook е сајт кој ќе ви даде листа со препорачани книги врз основа на вашите потреби и афинитети.

Одбегнувајте ги бестселерите

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Ова можеби звучи чудно, но бестселерите не секогаш навистина вредат. Во повеќето случаи се прославуваат поради звучното авторско име или успешната маркетиншка кампања. Доколку многу сакате ваков тип книги, тогаш најдобро е претходно да прочитате критики за одреден бестселер за да го спречите разочарувањето. Секцијата Книги на Кафе пауза може доста да ви помогне во тоа.

Пингвин класици

6-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_

Пингвин класиците се богати со одлични романи. На крајот од секоја книга стои и листа од дела во нивно издание кои сигурно ќе ви помогнат уште веднаш да се одлучите што следно да прочитате.

Книжари

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Во книжарите има добар избор на стари и нови наслови и сигурно ќе успеете да најдете некоја книга за вас. Читајте ги кратките објаснувања на задната корица или пак прочитајте ги првите неколку страни за посигурен избор.

Совет од вработените

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Вработените во книжара обично се големи љубители на книжевноста, па доколку не можете да се решите, прашајте ги нив за мислење. Тие ќе ви ги посочат најквалитетните неодамна издадени книги или пак ќе ви препорачаат други одлични дела.

Совет од пријателите и семејството

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Доколку во кругот на пријателите или во семејството имате некој обожавател на книжевноста, не двоумете се и веднаш прашајте ги за совет. Сигурно ќе им биде мило да ви препорачаат некоја книга по нивен избор.

Онлајн-курсеви

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Регистрирајте се на некој онлајн-курс за книжевност. Со тоа ќе добиете список од книги што треба да ги прочитате и есеи кои треба да ги напишете. Ќе истражувате, ќе дознаете за нови автори и нови значајни дела, што ќе ви постават стандарди и ќе ви помогнат во следните избори. На пример, започнете со следнава веб-локација за бесплатен курс.

Библиотека

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Нека вработените во библиотеката ви помогнат при изборот или едноставно изберете некоја книга што во моментот ви изгледа најпривлечно. Убавината на библиотеките е што книгите ги изнајмувате за малку пари, а истовремено можете да си седнете таму и да уживате во моментот.

Класици

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Можеби сте слушнале за Госпоѓа Даловеј, Злосторство и казна и други познати дела, но дали ги имате прочитано? Доколку не, без размислување уште веднаш набавете ги и почнете со читање.

Саем на книга

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Се ближи саемот на книга, каде има одличен избор на изданија по снижени цени. Дефинитивно вреди да посетите таков настан доколку сакате читање и литература.

Филмови

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Многумина мислат дека најпрвин треба да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Но, не мора секогаш да биде така. Можеби токму филмот ќе ви открие некој одличен роман што уште веднаш ќе сакате да го прочитате.

Книжевен клуб

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Одличен начин да се сретнете со други љубители на литературата. Одбирате книга, ја читате, а по неколку недели се собирате и ја дискутирате. Вака ем ќе запознавате нови луѓе, ем ќе дознаете нови интересни книжевни автори и дела. Прочитајте зошто е добро да основате ваш книжевен клуб.

Авторско дело

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

И за крај, зошто и самите да не се обидете да напишете свое дело? Може да почнете со кратки раскази, а потоа да продолжете со краток роман од 20 илјади зборови. Запомнете, сите во себе носиме животен роман, кој само чека да излезе на површина. Среќно! 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар