По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

Во далечната 1934 година, еден амбициозен писател и новинар по име Арнолд Семјуелсон поминал долг пат за да го запознае големиот Ернест Хемингвеј во неговиот дом во Флорида. Идниот нобеловец бил импресиониран од посветеноста на младиот човек и му дал листа на книги кои според него, секој љубител на пишаниот збор треба да ги има прочитано. Еве што препорачува Хемингвеј:

По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

1. „Синиот хотел“ (The Blue Hotel) од Стивен Крејн

Се работи за збирка раскази кои делуваат прилично едноставно поради директниот начин на кој се напишани, но несомнено е дека по читањето оставаат длабоки траги во умот и сеќавањето.

(1) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

2. „Отворениот брод“ (The Open Boat) од Стивен Крејн

Четворица мажи доживуваат бродолом. Станува збор за вистинска борба за преживување. Оваа книга е полна со филозофски мисли за смислата на животот и човечкото постоење, кои ќе предизвикаат бура на емоции кај секој читател.

(2) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

3. „Мадам Бовари“ (Madame Bovary) од Густав Флобер

Ема Бовари мечтае за живот исполнет со гламур и љубовни авантури. Наместо тоа таа е заробена во монотонијата на секојдневниот живот како сопруга на доктор во мал град. Провинцијалната атмосфера го гуши страсниот дух на Ема, но сите нејзини обиди да го напушти овој здодевен свет доживуваат неуспех. Има ли надеж за бегство?

(3) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

4. „Даблинци“ (Dubliners) од Џејмс Џојс

Оваа колекција психолошки новели е претставник на првиот зрел обид на Џојс да даде придонес во светот на книжевноста. Даблин е претставен како олицетворение на сите работи кои ги мразел поврзани со начинот на живот во Ирска. Градот е главното жариште на сите гревови, уназадување, корупција, вулгарности и бездушност. „Даблинци„ се смета за првиот пример на реалистична ирска литература од 20-тиот век.

(4) По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

5. „Црвено и црно“ (The Red and the Black) од Стендал

Ова книга е универзално прифатено ремек-дело од литературата на 19-тиот век. Станува збор за приказна за амбициозен и талентиран млад човек кој е одлучен да се искачи на скалата на успехот во општеството. Познато е дека оваа приказна успеала да го зароби вниманието и на големиот Лав Толстој. Протагонистот доаѓа до заклучок дека парите се единствено важни во денешниот свет и подготвен е да направи сè за да ја оствари својата цел.

По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

6. „За човековото ропство“ (Of Human Bondage) од Сомерсет Могам

Највлијателниот роман на Могам му овозможува на читателот да ги открие светлата и темната страна на човечката природа. Исто така, преку оваа книга писателот целосно ја разголува својата душа овозможувајќи му на светот да види што навистина се крие во неговата глава.

По препорака на Хемингвеј: 12 книги кои мора да ги прочитате

Продолжете на следната страна за останатите 6 книги од оваа листа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар