Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

Кому му требаат стрипови, филмови и цртани за суперхерои со неверојатни моќи, кога секој од нас има свој личен, урбан херој?
1-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkНаша оцена: 8/10
Ваша оцена: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 7,43 од 10)
Loading...

Деновиве имав среќа да наидам на една приказна, вистинска и тоа, за бездомникот кој ѝ ги понудил своите последни 3 долари на една девојка која во тој момент останала без пари и не можела да плати превоз за да стигне дома. Девојката благодарна за гестот поттикнала акција по социјалните мрежи за да му се помогне на човекот да си најде топол дом, покрив над глава. По вакви приказни вербата во човештвото расте до плафон, се разбира сè додека не наидам на наредната приказна за некоја бедотија по светов, но тоа е, Интернетот е зезната работа. Како и да е, поентата ми беше дека за мене бездомникот и девојката се школски пример за урбани херои. А за такви луѓе со огромно срце, кое нас другите по малку нè засрамува, пишува и Драган Таневски во неговото првенче „Урбани херои“.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Неколку кратки приказни испреплетени една со друга, плус неколку дополнителни приказни кои навидум немаат некоја поврзаност, но сепак сите имаат една заедничка работа – раскажуваат за тоа дека вистинските херои се најчесто многу блиску до нас. Главната приказна опфаќа неколку генерации од едно семејство, направени грешки од минатото кои прогонуваат цел живот (тоа многу добро го знаеме, нели?) и ликови кои долги години се борат со последиците сè додека болката и осаменоста не испливаат на површина. Како да се биде на дното и да се живее со срам и пониженост, како да се издигнеш од правта и да продолжиш да живееш, дури и успешно? Мислам дека одговор на најтешкото прашање нема, но сепак секој од нас е доволно херој за да пронајде трoнка волја и да преврти наопаку сè што не чини и конечно да почне да дише.

2-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mk

Приказна за една девојка која се заљубува во фраерот на мотор и дознава дека љубовта е слепа и глупа понекогаш, особено ако фраерот те навлече на дрога и заглави во долгови. Ова исто така е приказна и за тоа дека ангели чувари сепак има (ова не сте го слушнале од мене) и дека кога животот ќе нè турне на земја и ќе ни се закани, ненадејна љубов може да нè спаси од самите себе и од сите други. Обично, мајчинската. Уште поважно, ова е приказна која ќе ве научи дека каењето и самоказнувањето за направените грешки никогаш никому не помогнале и дека најдобар начин е да се истресеш од прашината и да продолжиш понатаму, не погледнувајќи никогаш назад.

Книгата се чита брзо, ослободена од непотребни описи и заплети, авторот често брзо преминува на главното и не остава премногу простор за филозофирање. Со ликовите лесно ќе се поврзете, особено поради секојдневниот говор и жаргонот на кој може да се наиде на моменти. Топла препорака за сите оние на кои деновиве им треба малку повеќе верба во човештвото.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 24 декември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Ole Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

Остави коментар