Книга: „Облечен човек“ – Игор Џамбазов

Книга: „Облечен човек“ – Игор Џамбазов

„Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.“
1-kniga-oblechen-chovek-igor-djambazov-kafepauza.mkНаша оценка: 10/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (33 гласа, просек: 9,48 од 10)
Loading...

Откако конечно дојде денот на излегувањето на виделина на новото дело на нашиот генијалец, ги поместив сите планирани книги за недела подоцна за да му го посветам заслуженото внимание на најновото дело на Џамбазов. Додека е „тазе“ и свежо. Иако верувам дека никогаш нема да излезе од мода и да се смета за бајато. Исто како што Скопје, Сарај, Матка ја слушаат многу генерации, тоа ќе се случи и со неговите книги. А бидејќи сум ги прочитала претходните, можам слободно да ви ја најавам најновата како нешто што мене лично, најмногу ми се допадна. Сосем спротивно од „Гол човек“, овој пат Џамбазов ги остава зад себе мрачните приказни од својот живот и ги заменува со една поведра слика, убави спомени и топли приказни со многу чувства и емоции.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Игор Џамбазов го знаеме сите ние (помладите генерации) уште од мали. Го знаеме како актер, водител на бинго, маестро, а сега и како писател. И тоа ни помалку ни повеќе туку на автобиографски книги, за што, треба да се има храброст. Многу луѓе не се искрени ни пред самите себе, а не пак да ја соголат душата пред некој друг.

„Решив повеќе да не ја барам уметноста во себе. Ниту да се барам себеси во уметноста. Ќе преживее таа некако и без мене.

Уметноста на живеењето е во живеењето, пријателе мој.“

Знаејќи каков шоумен (меѓу другото) е Џамбазов, може само да претпоставите што ве чека ако тој решил да ви раскаже за животот. Неговите сведоштва убаво и топло ги „скоцкал“ во 10 приказни, креирајќи фасцинантни раскази зачинети со неговиот препознатлив хумор, со разни пикантерии, интригантности, и многу искреност, проткаени со неговата оригиналност и единственост.

2-kniga-oblechen-chovek-igor-djambazov-kafepauza.mk

Читајќи чувствував како да гостува во моја емисија и едноставно седи до мене и ми раскажува. Ете толку близок станува Џамбазов со читателот. Секоја од приказните ве интригира да се интересирате за да дознаете повеќе, но истовремено задоволувајќи ве со веќе напишаното. Книгава би ја оценила како еден топол збир на случки и настани, на личности кои му биле блиски на писателот, дали членови на неговото семејство, другари, колеги, но најмногу љубови, остварени и неостварени, телесни и платонски. Игор вешто ги крие идентитетите на дамите кои се кријат зад приказните, но нема да ве поштеди од експлицитното раскажување.

Со книгава Џамбазов ќе ве поучи да живеете за да креирате незаборавни спомени кои ќе можете да ги прераскажете. Да живеете заради малите, убави и обични нешта. Ќе ве покани да бидете дел од неговата трансформација, од гол до облечен човек. Ќе ви објасни, метафорично, дека му здодеало да биде гол. Сега на сè ќе му даде смисла и облик, ќе се облече, парадоксално соголувајќи се пред вас како негови верни читатели и почитувачи. Ќе ви каже што прави еден човек откако ќе добие втор мандат од животот.

„…Колку многу трае еден миг. И колку е скапоцена секоја секунда од нашето битисување.“

Најтопло ви ја препорачувам. Купете си ја за вас, подарете ја за Божиќ, дискутирајте за неа во друштво или размислувајте кога сте сами со себе.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 31 декември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Aleksandar Reply

    ‪#‎СакамКнигаОдТРИ‬

  2. Тоше Reply

    #‎СакамКнигаОдТРИ‬

  3. анѓа Reply

    #‎СакамКнигаОдТРИ Анѓа Петрова

  4. veca-adzieva Reply

    SakAm kniga oblecen covek od igor gambezov

  5. Андреј Reply

    Да не заборавивте да ја доделите книгата?? 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Не, чекавме да се подотрезнат луѓево 🙂

Остави коментар