Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

Мистерии, интриги, драма, мрачни семејни тајни, корупција и криминал… Сплет кој ќе ве заинтригира како ништо досега…

Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг ЛарсонТрилогија чии наслови почнуваат со „Девојката…“ може да ви звучи по малку клише, сè додека не го чуете фактот дека станува збор за над 26 милиони продадени примероци низ целиот свет. Авторот на оваа крими-трилогија, за жал немал можност да му се израдува на својот мегауспех. Набрзо по завршувањето на книгите, Ларсон умира од инфаркт на 50-годишна возраст по искачувањето на скалите до неговата канцеларија бидејќи лифтот не работел. Зад себе го остава почетокот на четвртиот роман. Негови познаници навеле дека многуте цигари, брзата храна и премореноста се „заслужни“ за неговото прерано заминување од овој свет.

Неговата смрт ќе остане загадочна мистерија. Имено, со својата новинарска и истражувачка работа, непобитен е фактот дека стекнал многу непријатели. Ларсон бил борец против криминалот, корупцијата и нацизмот, а иронијата е во тоа што 9-ти ноември, датумот на неговата смрт, во историјата е познат како „Кристална ноќ“ – кога практично започнал холокаустот.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Оригиналниот наслов на првиот дел од трилогијата „Милениум“ е „Мажи кои мразат жени“, но англиската верзија е преведена како „Девојката со тетоважа на змеј“. Не е важно кој наслов звучи попривлечно или пак е поскладен со приказната, она што е важно е самата содржина, и нема да штедам зборови – пазете се, ќе ве хипнотизира.

Како и секоја година, така и оваа, на 1-ви ноември на Хенрик Вангер по пошта му стигнува подарок – суров потсетник на големата трагедија која се случила пред 36 години. Вангер се одлучува да го направи последниот обид да ја разреши мистеријата и со таа цел го ангажира искусниот новинар Микаел Блумквист давајќи му понуда која не може да ја одбие. Блумквист е скептичен, се сомнева дека би можел да разреши мистерија која не успеале да ја декодираат и најискусни детективи. Но неговиот скептицизам полека исчезнува кога почнува да наоѓа траги кои му ветуваат разрешување на многу мрачни тајни.

Оваа понуда на Блумквист му стигнува во прилично незгоден период од неговиот живот. Имено тој е осуден на тримесечна затворска казна поради ширење дезинформации и неправедно напаѓање на гигантот Венештрем. Иако знае дека Венештрем е расипан криминалец, Блумквист одлучува да не се брани на суд, практично да ја признае вината и мирно да се повлече пред да собере доволно докази за да нападне повторно.

На помош на Блумквист му доаѓа Лизбет Саландер – најдобриот истражувач во престижна фирма за обезбедување. Нивните патишта се вкрстуваат и Блумквист за брзо забележува дека не смее да ја проценува Саландер по нејзиниот изглед. И покрај тоа што изгледа како анорексична 15-годишна рокерка со пирсови и тетоважи, Саландер е неверојатно способна жена со фотографска меморија и еден од најдобрите хакери во земјата.

Овој необичен пар бара начин да ја реши мистеријата за исчезнувањето на внуката на Хенрик Вангер, тогаш 16-годишната Хариет Вангер која се чини како да пропаднала во земја. Хенрик е убеден дека неговата внука е убиена од страна на некој член од неговото семејство, и разрешувањето на нејзиното убиство, дури и по 36 години, за него останува опсесија која го измачува.

Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

Нема да помине долго време пред Блумквист да почне успешно да копа по семејните тајни на Вангерови. Еден скриен подрум со многу мрачни тајни ќе биде доволен тој да сфати дека под маската на богатата идила се кријат многу гнили тајни…

Со ова негово дело Ларсон ги мава своите сограѓани по чело соочувајќи ги со суровата реалност. Шведска навидум е вистинска утопија – земја со удобен живот, здравствено осигурување, заштитени права на жените, но она што Ларсон ни го преставува е слика на нацизам, корупција, криминал, перверзија, социјални работници кои сексуално ги злоупотребуваат своите „штитеници“ и морничави семејни тајни.

Се разбира, делото има и филмска верзија, ни помалку ни повеќе – со Даниел Крег во главната улога – но како што и обично практикувам, ако воопшто се одлучам да го гледам филмот прво ја читам книгата. Таквото задоволство просто не смеам да си го скратам.

Да, оваа книга ќе ве заведе и вас во мрачниот и комплексен лавиринт на интриги, мистерии и драма, и ако со оваа рецензија успеав макар малку да ве заинтригирам, само почекајте дури да ја фатите книгата во раце.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 29 јануари 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. slagjana trkaleska-spasenovska Reply

    Bi sakala da apliciram za knigata #SakamKnigaOdTri

  2. Анонимен Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  3. Ивана Reply

    #СакамКнигаодТРИ

  4. Caci Spasenovska Reply

    #СакамКнигаОдТРИ -Caci Spasenovska

  5. Даниела Reply

    Сакам книга од ТРИ.

  6. Snezana Spasenovska Reply

    #СакамКнигаодТРИ Snezana Spasenovska

  7. Margarita Maneva Reply

    #СакамКнигаОдТРИ

  8. Slagjana Spasenovska Reply

    Apliciram za knigata od TRI- “Devojkata so tetovaza na zmej”

Остави коментар