Безвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во животот

Безвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во животот

На сите нам ни е добро познато чувството што ни го пружат класичните љубовни приказни, кои се проткаени со доза на мистичност и романтика. Не само што ни даваат можност за миг да „ѕирнеме“ во некои минати времиња, туку можат и да нè поучат на важни работи за животот. Во продолжение прочитајте ја нашата листа на безвременски љубовни романи.

Безвременски љубовни романи кои вреди да ги прочитате барем еднаш во животот

„Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин

Еден од најпознатите романи на Остин, „Гордост и предрасуда“ го следи животот на главната хероина Елизабет Бенет, а притоа нуди опширна анализа на англиското општество кон крајот на 19 век.

„Сонот на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир

„Сонот на летната ноќ“ е една од најпознатите романтични комедии на Шекспир, изведувана ширум светот. Во комедијата се прикажани авантурите на четири млади атински љубовници и група глумци, нивниот однос со кралот на Атина, Тезеј, Хиполита како и група самовили кои населуваат една шума. Целата приказна е проткаена со некаква магија која нема да ве остави рамнодушни сè до последната страница.

„Љубовна приказна“ од Ерих Сегал

Светски познатиот роман „Љубовна приказна“ е една од најпродаваните класични романтични книги на сите времиња. Романот ја следи приказната за една вистинска, непоколеблива љубов која инспирирала генерации и генерации. Романот бил и инспирација за истоимениот американски филм од 1970 година во режија на Артур Хилер.

„Страници за нашата љубов“ од Николас Спаркс

Доколку сакате да ја почувствувате магијата на вистинската љубов, тогаш овој роман е вистинскиот избор за вас. Тој нуди чудесен портрет на љубовта која се случува само еднаш во животот на секој од нас. Ви ветуваме дека ќе уживате во приказната на двајцата главни ликови, Ноах и Али, која ќе ве остави без зборови.

Откако ја прочитавте нашата листа на безвременски  љубовни романи, можеби ќе сакате да ги прочитате и 8-те причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

  1. Kadir Memiş Reply

    Ах, прочитав една од овие книги. добар совет ^^

Остави коментар