7 инспиративни книги што ќе ви го променат светогледот
Понекогаш, животот може да биде навистина тежок. Меѓутоа, ако ја сфатите природата на промените ќе можете полесно да се прилагодите на новите ситуации. Како прво, ќе треба да научите како да ги правите работите поинаку. Промената значи и излегување од комфорната зона како што постојано забележува мотивацискиот говорник, Тони Робинс.
Важно е да се забележи дека секоја промена, без разлика дали е на професионален или на личен план, може да биде болна. Сепак, доколку не се натерате да го направите првиот чекор што ќе ве води до промена, може уште долго време да се соочувате со проблеми и тешкотии. Како да ја направите потребната промена? Еден начин е преку читање книги што можат да ве инспирираат. Во продолжение следува нашата предлог-листа.
1. „Уметноста на среќата“ од Далај Лама
Далај Лама отсекогаш бил поединец кој ја нагласувал важноста на медитацијата и личната рефлексија додека трагате по среќа и исполнетост. Во книгата, Неговата Светост, Далај Лама, дава примери како на позитивен начин да се спознаете себеси. Неговите примери ќе ве поттикнат да го смените вашиот живот на подобро на тој начин што ќе си воспоставите јасна визија и фокус.
2. „Магијата на големите соништа“ од Дејвид Шварц
Според Шварц, во вашиот живот ќе настапат промените само доколку го промените вашето размислување. Мора да научите како да го усогласите вашиот ум со промената. Според авторот, единственото нешто што ве спречува да поместите планини сте самите вие. Тука играат голема моќ вербата и зборовите што ќе си ги упатите кон себеси: ако верувате дека можете да поместите планини, ќе го сторите тоа; ако не верувате дека можете да поместите планина, нема да можете да го направите тоа.
3. „Најголемиот трговец на светот“ од Ог Мандино
Иако оваа мала книга за првпат е издадена во 1968 година, сепак содржи многу мудрости од кои и денес можеме да учиме. Како прво, дали некогаш сте се запрашале какви атрибути поседуваат успешните луѓе? Оваа книга ќе ви ги даде потребните одговори. Друга причина зошто вреди да се додаде на листата со инспиративни книги е затоа што изобилува со одлични тактики и стратегии за позитивно размислување.
4. „Сè се случува со причина и други лаги кои ги сакав“ од Кејт Боулер
Кога на Боулер, професорка во училиштето „Дјук Дивинити“ ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во поодмината фаза и тоа на само 35 годишна возраст, сништата ѝ се срушиле преку ноќ. Во книгата таа дава детална анализа за тоа како се справила со болеста и споделува свои совети. Оваа книга е своевиден мемоар за надежта, но и за тоа како да ја прифатите сопствената смртност.
5. „Разбудете го џинот во себе“ од Тони Робинс
Во ова дело, Робинс објаснува како секој има моќ да ги контролира чувствата и мислите. Со други зборови, секој поседува моќ да постигне сè што сака да направи во животот. Робинс смета дека за да го промените вашиот живот на подобро, доволно е да ја промените вашата перцепција за себе.
6. „Не оптоварувајте се со малите нешта“ од Ричард Карлсон
Карлсон смета дека во моментот кога ќе научите како да управувате со малите работи во животот, тогаш ќе ја сфатите вистинската среќа. Книгата е полна со практични совети за како да живеете помирен и порадосен живот.
7. „Како да ги промените нештата макар и да е тешко“ од Чип и Ден Хит
Ова е одлична книга за сите оние кои знаат дека треба да направат промени во животот, но не се сигурни како. Авторите споделуваат совети и стратегии за тоа како да ги спроведете вашите замисли од идеја до реализација и ве советуваат да се фокусирате најмногу на почетокот и крајот на процесот.
Откако откривте кои 7 книги можат да ви го променат животот, ви препорачуваме да прочитате и кои 6 книги морате да ги прочитате доколку сакате да напредувате во вашата кариера.
Извор: powerofpositivity.com