6 книги кои ќе ве одведат во Италија од кое било место на Земјата

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од кое било место на Земјата

Направете си едно убаво еспресо, пуштете го Ерос Рамацоти или некоја убава арија и изгубете се во овие наслови кои ќе ви ја доловат Италија без да имате потреба да се помрднувате од омилената фотелја во вашиот дом, но ќе имате впечаток како навистина да сте таму.

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјата

Сите кои барем еднаш ја посетиле убавата Италија, без разлика дали поминале преку мостот Риалто во Венеција, ручале свежи каноли во Палермо или пак седеле на Шпанските скали, веруваме дека безусловно се заљубиле во преубавата земја која маѓепсува со својата богата историја, шармантните пејсажи, прекрасните градби, вкусните јадења, модата и единствениот стил на живот во кој едноставно мора да се вљубите.

Меѓутоа, колку и да сакаме да патуваме често во Италија или да се преселиме таму, тоа сепак за многумина е невозможна мисија. Затоа се тука филмовите, книгите и музиката кои барем за момент ќе ја донесат Италија во вашиот дом.

Ви претставуваме 6 книги кои ја доловуваат магијата на Италија и ќе ве одведат таму од кое било место на Земјата.

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјата

1. Хотел Пеликан (Hotel il Pellicano) – Роберт Виолет

Ова е приказна за прочуениот хотел кој можеби го претставува најславниот хотелски комплекс во Италија. Самата книга содржи гламурозни слики од 50-тите и 60-тите години, како и историјата на гости кои го посетувале славниот хотел.

2. Животот на Прада (The Prada Life) – Џан Луиџи Паракини и Ентони Шугар

Ова е единствената книга која нуди историски точен и автентичен новинарски профил на најпознатата италијанска модна дизајнерка Мјуча Прада. Читајќи ја оваа книга ќе се запознаете не само со една жена од високиот стил, туку и со софистицираната и преубава Италија.

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјата

3. Леопардот (Il Leopardo) – Џузепе ди Лампедуза

На сите ќе им се допадне приказната за сицилијанскиот принц кој мора да се соочи со генералот Џузепе Гарибалди за време на обединувањето на Италија. По оваа книга е снимен и одличен филм со фантастична сценографија и костимографија, во режија на Лочино Висконти.

4. Откривање на минатото: Внатрешен дизајн и архитектура (The Invention of the past: Interior design and architecture) – Студио Перегали

Иако Милано е познат по одличниот современ дизајн, во оваа книга се издвоени неколкуте најдобри дизајнери од миланската сцена, како Лори Сартори Римини и нејзиниот партнер Роберто Перегали. Прочитајте ја оваа книга и дознајте зошто целиот свет полудува по нивните магични внатрешни дизајни.

6 книги кои ќе ве одведат во Италија од било кое место на Земјата

5. Сребрената лажица (The Silver Spoon)

Иако ретко кој вистински Италијанец поседува готвач, бидејќи нивните мајки ги научиле на сѐ што знаат за готвењето, ова е вистинска кулинарска библија со преку 2.000 рецепти од цела Италија. Оваа книга не е илустрирана, но сепак ќе ве научи како да подготвите совршено рижото миланезе и останати вкусни италијански специјалитети.

6. Валентино: На масата на императорот (Valentino: At the emperor’s table) – Валентино Гаравани и Андре Леон Тали

Не постои друга книга која повеќе ќе го привлече вашето внимание. Оваа книга дава детален приказ на Валентиновите најраскошни маси, во неговите домови ширум светот. Ќе забележите дека боите и текстурите совршено одговараат на неговите креации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар