14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

2014 беше добра година за љубителите на пишаниот збор. Излегоа многу интересни книги како дебитантските „Не сум таква девојка“(„Not that kind of girl“) од Лина Данам и „Да, ве молам“ („Yes please“) од Ејми Пoлер, кои дефинитивно поттикнаа многу дискусии околу жените и нивните зафатени животи. А во 2015, гигантот за книги, „Гудридс“ веќе направи листа на најчитани книги со највисоки оцени. Погледнете кои се тие.

00-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mk

БЕЛЕТРИСТИКА

1. Малку живот (A little life) – Ханија Јанагихара

Преку призмата на овој роман дознаваме за животите на четири студенти кои се селат од Масачусетс во Њујорк притоа набљудувајќи како се менува нивниот однос кога се соочени со животни предизвици како: скршени срца, амбиција, зависности и професионален успех. Но, од нив отскокнува животот на Џуд, поточно нејзиното проблематично детство.

2. Тајната мудрост на Земјата (The secret wisdom of the Earth) – Кристофер Скотон

Во оваа приказна, Кристофер Скотон го доловува ликот на 14-годишниот Кевин, кој откако сведочи за ужасната смрт на неговиот брат, го поминува летото во Кентаки заедно со неговата мајка. Во текот на неговиот престој таму, тој станува пријател со момче по име Бази, кој го учи како да преживее кога на градот му се заканува моќна компанија што сака да го уништи.

1-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mk

ДОКУМЕНТАРНА ЛИТЕРАТУРА

3. Гетосајд: Приказна за убиство во Америка (Ghettoside: A story of murder in America) – Џил Лиови

Во центарот на овој возбудлив роман e загрижувачката стапка на убиства, особено на мажи црнци, во јужниот дел од Лос Анџелес. Станува збор за убиството на Брајан Тенел во 2007. Моќното раскажување ни ги портретира ликот на детективот Џон Скегс и неговиот тим кои работат на разрешување на убиството, бараат правда и се грижат за безбедноста на градот.

4. Мртва трага: Последниот премин на Луситанија (Dead Wake: The last crossing of the Lusitania) – Ерик Ларсон

Ерик Ларсон ја раскажува тажната приказна која ќе ви ги распара срцата за бродот Луситанија, кој бил нападнат од страна на Германците за време на Првата светска војна. Оваа книга дава темелен приказ за промените на војната, опасноста на ароганцијата и суетата како детален и интимен преглед на една од најголемите трагедии на 20-тиот век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар