10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по чие читање нема да можете да заспиете
6. „Ловец на соништа“ (Dreamcatcher)
Четворица другари од детството тргнуваат на нивното традиционално патување во дивините на Мејн без да знаат дека оваа година нештата ќе бидат поразлични и комплетно ќе им го променат животот. Кога ќе заглават во снегот опколени со опасна инвазија од вонземјани и психички нестабилен војник, мажите ќе мораат да се потпрат на нивниот петти пријател Дадитс за да го спасат светот.
7. „Маглата“ (The Mist)
Во едно мало гратче во Мејн денот започнува сосема нормално, но одеднаш се случува неочекуван пресврт во текот на настаните кога голема група на купувачи ќе останат заробени во еден супермаркет. Надвор започнува да владее густа магла, а суштествата кои се кријат во неа нема да имаат милост за заробениците.
8. „Регулаторите“ (The Regulators)
Среќното попладне во едно предградие на Охајо се претвора во вистински ужас кога група чудни автомобили во светли бои ќе застанат во близина и од нив ќе излезат гротескни вооружени лица кои пукаат во сѐ што ќе им излезе пред очи. Додека целото соседство се трансформира во детска карикатура на Дивиот запад, жителите мораат да соработуваат за да го сопрат демонот кој стои зад целиот неред, пред да биде предоцна.
9. „Темната половина“ (The Dark Half)
Авторот на фантастични романи, Тад Беумонт, не е толку успешен писател како Џорџ Старк, авторот на илустрирани криминалистички новели. Откако Беумонт ќе открие дека Старк е неговото лажно име и ќе му организира лажен погреб, писателот ќе биде обвинет за убиства кои не ги извршил поради вистинскиот убиец кој одговара на неговиот опис и ги носи неговите отпечатоци.
10. „Мизерија“ (Misery)
Авторот Пол Шелдон доживува автомобилска несреќа и се буди заробен во домот на неговиот најголема обожавателка Ени Вилкис: Жена која живее во изолација од светот со големи планови за неговата кариера.
Super post 🙂