Знаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафе

Знаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафе

Иако е познат позитивниот ефект на кафето врз нашиот организам, прекумерното консумирање кофеин може да има негативни последици.

Знаци преку кои нашето тело нè предупредува за прекумерното консумирање кафе

Покрај бројните студии кои укажуваат на бројни придобивки од кафето за нашето здравје, количеството кафе кое го надминува нормалното може да предизвика негативни реакции на телото. Сепак, иако е тешко да се препознаат знаците кои ни кажуваат дека пиеме прекумерни количини од овој омилен пијалак, еве неколку симптоми:

Чувство на вознемиреност

Како што објаснуваат диететичарите, ако често чувствуваме анксиозност и вознемиреност без посебна причина, тоа најверојатно се должи на кафето. Истражувањето спроведено на оваа тема покажало дека луѓето кои пијат премногу кафе се чувствуваат вознемирени во текот на денот бидејќи кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и хормонот на стресот.

Болки во стомакот

Иако кафето може да биде сигурен пријател на варењето, со консумирање прекумерни количини се зголемува ризикот од појава на дигестивни нарушувања како болка, гасови или непријатни грчеви во стомакот. Научниците неодамна откриле дека одредени соединенија во кафето го стимулираат производството на стомачна киселина во клетките на желудникот, што може негативно да влијае врз процесот на варење.

Проблеми со спиењето

Лошиот сон и несоницата може да се поврзат со бројни здравствени проблеми, но причината може да биде и претераното консумирање кафе. Познат факт е дека кофеинот останува во нашето тело дури пет часа по консумирањето кафе, а тоа може значително да влијае врз квалитетот на сонот.

Откако прочитавте кои знаци укажуваат на прекумерното консумирање кафе, можеби ќе сакате да прочитате и како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар