ЗА и ПРОТИВ пиењето кафе
Оние кои наутро најпрво посегнуваат по шолјата кафе го сметаат кафето за пијалак испратен од Бог. Консумирањето кафе има бројни бенефиции, како спречување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест или зголемена ефикасност на одредени апчиња против болки, како Аспиринот на пример. Сепак, кафето има и одредени негативности. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. Ова се некои бенефиции, но и негативности од косумирањето кафе. Сепак, сè си има свои добри и лоши страни, па така и кафето.
ЗА:
Кафето содржи антиоксиданси, витамини, минерали и диететски протеини. Редовните консументи на кафе имаат бројни здравствени придобивки. Жените кои се страсни обожаватели на кафето имаат помал ризик за заболување од рак на дојка, додека кај мажите е намален ризикот од рак на простата. Истражувањата покажале дека консумирањето кафе го намалува ризикот од некои болести и заболувања, како на пример:
- Паркинсонова болест
- Алцхајмерова болест
- Дијабетес тип 2
- Жолчни камења
- Рак на усната шуплина, на хранопроводот или грлото
- Напади на астма
- Срцева аритмија
- Мозочен удар
- Цироза
- Служи како стимуланс на одредени апчиња против болки
ПРОТИВ:
Иако кафето има позитивни ефекти, преголемата консумација може да резултира негативно. Негативните ефекти на кафето вклучуваат:
- Нарушување на сонот и шемата на спиење
- Аудитивни халуцинации
- Отежнување на апсорпцијата на некои витамини и минерали во организмот, како магнезиум, цинк и железо
- Покачување на крвниот притисок
- Дехидрација и губење на витамин Б и Ц, како и калциум, железо и цинк
- Дамки на забите
- Може да ја влоши состојбата доколку сте подложни на киселини во желудникот
Исто така, кафето спаѓа меѓу растенијата и плодовите кои најмногу се прскаат со пестициди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.