Водич за ладно кафе низ светот

Водич за ладно кафе низ светот

Температурите се покачуваат и сите ние полека, но сигурно целосно го исфрливме топлото кафе и го заменивме со чаша ладно кафе погодно за летните горештини. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за приготвувањето ладно кафе низ светот, продолжете со читање. Сигурно ќе запомните некој интересен факт кој ќе го споделите со своите пријатели. Плус, со информациите што ќе ги купите од овој текст секогаш ќе може да се правите важни кога ќе посетите некоја земја и ќе порачате ладно кафе за кое ќе знаете од каде потекнува и како се приготвува.

Водич за ладно кафе низ светот

Cold Brew (колд бру)

Иако звучи луксузно и со него ќе ве послужат во сите тренди кафулиња во Америка, опремата со која се прави ова кафе воопшто не е нешто посебно. Станува збор за апаратите за кафе како Toddy или Filtron, кои иако звучат кул, во суштина се само пластичен сад одозгора кој го исцедува кафето преку филтерот во стаклен сад долу. Како и да ви звучи ова, крајниот производ од овој начин на правење ладно кафе е навистина фантастичен. Кафето се остава да се цеди во филтерот 12-24 часа, и пред да се послужи се разредува со вода или млеко.

Ваквата подготовка го ослободува кафето од киселините, што е одлично за оние кои имаат проблеми со стомакот. Кафето што се добива на крај има уникатен вкус, богата арома и ги истакнува оние ноти што љубителите на кафето ги сакаат. Да имате ваков апарат во домот е добра инвестиција бидејќи кафето останува свежо во фрижидер дури до две недели. Погледнете како се прави ова кафе [видео].

Водич за ладно кафе низ светот

Исто, cold brew се продава и во шишиња, кои може да ги порачате онлајн. Се продаваат два вида: готови за пиење како Stumptown Stubbies, но исто и концентрати кои се раствораат со млеко и вода како Chameleon и Grady’s.

Водич за ладно кафе низ светот

Јапонско ладно кафе

Спротивно на претходниот метод, јапонското ладно кафе се приготвува така што жешко кафе се налева врз коцки мраз. Тајната е во инстантното ладење кое ги задржува свежите вкусови, оригиналната арома и карактеристиките на обична шолја кафе.

За да го направите ова кафе дома, зовријте дупло помала количина на вода отколку обично. Во стаклен сад ставете доволно мраз за да ја замени водата што недостига. Поставете филтер со кафе над стаклениот сад и налевајте од жешката вода. Не заборавајте дека најважно е жешкото кафе да паѓа директно врз мразот. Потоа на кафето може да му додадете уште мраз, млеко и шеќер.

Водич за ладно кафе низ светот

Kyoto (кјото)

Стаклените садови во кои се приготвува ова кафе се налик лабораториска опрема и може да ги најдете во тренди кафулиња како Blue bottle во Њујорк. Yama и Ojl се два познати брендови, а доколку сакате да се пофалите со вашето познавање може да го нафрлите овој интересен факт: стаклените филтри за кафе на Ojl се рачна изработка на дувачи во стакло од Јапонија.

За да се направи кјото, најгоре во цилиндарот се додава вода која полека капе во садот со кафе под него и секоја капка се цеди во садот најдолу. Колку и да звучи комплицирано, сепак е побрзо од подготовкта на колд бру, бидејќи за да се исцеди целото кафе потребни се 8 часа. Овој префинет начин на подготовка му дозволува на кафето да ги задржи своите карактеристики. Некои пак тврдат дека нема разлика во вкусот меѓу колд бру и кјото. Сепак, едно ќе мора да признаеме, овие стаклени цилиндри изгледаат многу покул.

Водич за ладно кафе низ светот

New Orleans Cold Brew (Њу Орлеанс колд бру)

Ако некогаш одите во Њу Орлеанс еве што треба да пиете. Кафето се подготвува така што во сад со вода се додава кафе и се остава да отстои 12 часа. Во една цедалка се поставува книжен филтер за кафе и се цеди кафето. Во кафето се додава мраз, шеќер или млеко по желба. Ова интересно видео ќе ви помогне да си го приготвите дома за добро утро.

6-vodich-za-ladno-kafe-niz-svetot-www.kafepauza.mk_

Разни видови ладно еспресо

Може да ги најдете речиси во секое кафуле, а со еспресо машина во домот може да направите чуда. Иако кај нас е многу попопуларно ладното инстант кафе, оваа сезона би можеле да обрнете повеќе внимание на ладното еспресо. За да се приготват ваквите кафиња може да се додаде многу мраз во обично лате, или да се додаде ладно млеко во кафето. Некои бармени можеби се против еспресо со коцки мраз, но вие сепак пробајте го. Можеби ова ќе биде вашето ново омилено кафе.

Водич за ладно кафе низ светот

Shakerato (шекерато)

Кога веќе зборуваме за еспресо со мраз, шекерато е италијанско ладно кафе кое полека почнува да зема замав и во некои италијански кафулиња во Америка. Ќе го најдете во секое налик италијанско кафуле. Станува збор за еспресо, шеќер и мраз, промешани во шејкер. Кафето обично се сервира во фенси стаклена чаша. Но, тоа не е сè. Постојат многу верзии на овој брз и интересен микс, од додавање на разни овошни вкусови до алкохол.

Водич за ладно кафе низ светот

Ca Phe Sua Da во Виетнам (ка фе суа да)

Виетнамското кафе го бие лош глас – препечени црни зрна кафе со лош квалитет. Никој не може да ви гарантира дека ќе може да го поднесете кафето во Виетнам, но тука е млекото како засладувач. Традиционално, ca phe sua da се подготвува со мал метален филтер поставен врз стаклена чаша со кондензирано млеко. По околу 5 минути откако кафето ќе се исцеди, кафето и млекото се мешаат и се додава мраз. Сепак, многу кафулиња и ресторани во Виетнам разбирливо се одлучуваат за инстант кафе поради значајната заштеда на време.

Водич за ладно кафе низ светот

Грчко фрапе

Без некоја голема филозофија, се меша инстант кафе, шеќер и ладна вода, во шејкер или со машина, се додава мраз, а по желба и млеко. Интересно, овој пијалак бил измислен сосем случајно во 1950-тите од страна на еден вработен во Нестле кој немал топла вода за кафе. Ова кафе е многу популарно, но не само во Грција. Во Америка фрапето обично се прави со увезено Нескафе од Грција за кое се верува дека е појако од Американското.

Водич за ладно кафе низ светот

Австралиско ладно кафе

Австралијците навистина знаат да прават забавни верзии на кафето, иако можеби некогаш претеруваат како што е случајот со babyccino (бејбичино)– еспресо за деца. Австралиското ладно кафе е навистина кул. Еспресо и сладолед од ванила полеани со млеко и послужени во висока стаклена чаша со цевка. Љубителите на црно незасладено кафе ќе го сметаат за уништување на оригиналниот вкус на кафето, но ќе мора да признаат дека австралиското ладно кафе е вистина вкусно.

Водич за ладно кафе низ светот

Старбакс фрапучино

Секако, последно, но не и помалку важно – ултрапознатото Старбакс фрапучино кое има и своја веб-страна. Таму може да го дизајнирате вашиот омилен вкус на фрапучино и да го споделите на Фејсбук.

Водич за ладно кафе низ светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар