Вкусни додатоци за вашето кафе

Вкусни додатоци за вашето кафе

За љубителите на кафето, овој пијалак е како еликсир на животот, наутро нè буди, нè одржува во текот на денот, а некои немаат проблем ниту да го пијат пред спиење. Обожавателите на овој вкус си имаат различни желби за начинот на приготвувањето, но ако сакате да експериментирате и да си го направите пиењето кафе уште повкусно задоволство, ви предлагаме 7 додатоци, кои би било згодно да ги имате на дофат во кујната. Секако, ако повеќе сакате да работите според однапред дефинирани работи, имаме многу рецепти, кои претставуваат скоро неисцрпен извор на различни кафе-задоволства.Вкусни додатоци за вашето кафе

1. Крем со различни вкусови

Ваквите производи може да му дадат различен шмек на вашето кафе, секогаш кога ќе ги употребите. Изберете каков вкус сакате, но ние ви предлагаме чоколадо и ванила.Вкусни додатоци за вашето кафе

2. Сирупи

Ваквите сирупи ги има во стандардна варијанта и без шеќер, а вкусовите варираат од чоколадо и лешник до овошни, како на пример боровница. Сирупите можете да ги користите и за да експериментирате со други коктели, па поради тоа нивното место на кујнските полици е уште пооправдано.

3. Топло чоколадо

Ви текнало некогаш да измешате со кафе? Па што би можело да не биде убаво во ваквиот микс!?Вкусни додатоци за вашето кафе

4. Нане и чоколадо

Ви се допадна претходниот микс? Пробајте и нешто уште поинтересно. Додадете малку сируп од нане, кој ќе му даде супер ментол вкус на вашето кафе. Ако сте смели, декорирајте го кафето со лижавче-бастун со вкус на ментол.Вкусни додатоци за вашето кафе

5. Цимет

Пропрскајте малку цимет на штотуку ствареното кафе или користете стапчиња од цимет наместо лажичка.Вкусни додатоци за вашето кафе

6. Ликер од Ирски крем

Ова е додаток за возрасни. Ставете малку во кафето и ќе добиете одличен вкус, но имајте предвид дека ваквиот микс е повеќе пожелен за студените зимски денови.Вкусни додатоци за вашето кафе

7. Ликер со вкус на портокал

Овој додаток му дава силен вкус на кафето, кое може да биде и мешавина со какао или топло чоколадо. Веројатно нема да му се допадне на секој, но многумина ќе уживаат во ваквиот вкус одвреме навреме.Вкусни додатоци за вашето кафеСо волку многу додатоци, никогаш не може да ви здодее вкусот на кафето.

Што користите вие? Би додале ли нешто плус?

—————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. слободанка Reply

    покрај бејлис сега ми одговара и една голема топка сладолед

Остави коментар