Традиционален арапски рецепт со зелени зрна кафе

Традиционален арапски рецепт со зелени зрна кафе

Кофеин во малку поинаква форма

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица зелени зрна кафе, лесно испечени и смелени
  • 1 супена лажица зрна кардамом, искршени
  • 600 милилитри вода
  • 1/8 кафена лажичка жички од шафран
  • 1 кафена лажица розова вода
Начин на подготовка:

Најпрво зовријте ја водата во тенџере. Откако ќе зоврие, додајте го смеленото кафе. По 10-тина минути вриење, додајте го и кардамомот и повторно мешајте додека врие околу 4-5 минути. Исклучете го огнот, покријте го тенџерето со капак и дозволете им на зрната кафе да отстојат околу 1 минута во водата. Не мешајте. На крај додајте го шафранот и розовата вода, добро промешајте, исцедете и послужете го кафето во вашите омилени шолји. За најдобар вкус, послужете и урми.

Дознајте и како да направите оригинално турско кафе!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар