Претходно
Смуди со кафе и какао за подобро расположение
Богато, кофеинско и чоколадно подобрување на расположението!
Потребни состојки:
- 2 лажици мелено кафе
- 1 замрзната банана
- 60 грама боровинки
- 240 милилитри бадемово млеко
- 2 лажици чиа семки
- 1/2 лажица цимет во прав
Начин на подготовка:
Матете ги сите состојки со висока брзина сè додека не добиете мазна смеса. Ако сакате да добиете поблаго освежување, ставете неколку урми, мед или стевија. Ако сакате смесата да биде малку потечна, слободно додајте и вода. Уживајте!
Погледнете го рецептот и за ова смуди од кафе и банани за одличен почеток на денот.