Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, го привлече вниманието од целиот свет со нејзиниот портрет од кинескиот кошаркар Јао Минг, кој го нацрта само со баскет-топка. Таа исто така, знае да состави портрет и од сончогледови семки, а овој пат девојката која сака да слика без четка, повторно импресионира со нејзиниот иновативен проект со тајванската поп-ѕвезда Џеј Чу, кој го нацртала со крукчиња од дното на една шолја, потопена во кафе.

Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Инспирирана од музиката на Џеј Чу, 26-годишната неконвенционална сликарка се упатила кон едно „артистичко патување“ на Св. Валентин, со цел да ја преслика нарацијата во песната „Secret“. Во неа, првиот стих се однесува на метафоричноста на подигањето на шолјата со кафе од својата тацна, а потоа приказната се надоврзува со девојка која патува низ времето во иднината, каде се запознава и се вљубува во пејачот.

Слика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафе

До крајот на песната, девојката повторно се враќа во реалното време и црта негов портрет. Црпејќи инспирација од вметнувањето на кафето во првиот стих од песната, Ред создала неверојатно прецизен портрет од пејачот, кој има и малку старомоден сепиа-ефект, поради кафената боја на кафето.

Слика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафе

За комплетирање на овој генијално смислен проект, прецизно насликан со прстените од дното на шолјата за кафе, на Ред ù биле потребни околу 12 часа работа. Откако го завршила големиот портрет, таа на шега му предложила брак на пејачот Џеј Чу на нејзината фан-страница на Фејсбук. Па зарем ќе може да одбие ваква креативна девојка? 🙂

Слика со дно од шолја извалкана во кафе

Погледнете како изгледал овој креативен процес на сликање портрет со шолја за кафе.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар