Слатко ледено кафе со домашен сируп од карамела
Слатко и ладно освежување за летните горештини
Потребни состојки:
- 200 грама шеќер
- 4-6 шолји кафе
- крем за кафе (по желба)
Начин на подготовка:
За коцките кафе:
Пригответе 2-4 шолји кафе (во зависност од тоа колку коцки сакате да направите), турете го кафето во калап за мраз и оставете го да замрзне во текот на ноќта.
За сирупот од карамела:
Загрејте го шеќерот и 190 мл вода и мешајте повремено додека шеќерот не се разложи и не почне да зоврива. Продолжете да го варите без да мешате, сѐ додека смесата не добие златна боја. Откако ќе добие златна боја, тргнете го тавчето од огнот и додадете уште 190 мл вода, па повторно вратете го на оган. Продолжете да мешате додека смесата не стане целосно течна. Кога ќе стане течна, префрлете го сирупот во огноотпорен сад и оставете ја да се излади. Сирупот може да стои во фрижидер до 2 недели.
За кафето:
Измешајте една лажица сируп од карамела, 2-3 коцки кафе и 1-2 шолји кафе, а можете да додадете и крем по желба. Измешајте и уживајте.