Што говори за вас кафето кое го пиете?
Врстата на кафе која обожавате да ја пиете може да каже многу за вашата личност, покажуваат најновите истражувања. Истражувањето спроведено од клиничкиот доктор Рамани Дурвасула, во кое учествувале 1.000 испитаници пронашло врска помеѓу одредени типови на личности и врстите на кафе кои можат да се најдат на пазарот.
Истражувањето вклучувало разни типови луѓе и нивните карактеристики, како трпеливост, перфекционизам, енергичност, чувствителност, храброст и слично.
Доколку сакате кремасти кафиња, како на пример капучино, тогаш најверојатно сте опсесивни и имате потреба постојано да ги контролирате работите, додека љубителите на кафе со млеко сакаат да ги усреќуваат луѓето, но не се грижат доволно за себе.
Оние кои пијат црно кафе стојат цврсто на земја и сакаат едноставност, но знаат понекогаш да бидат чудни.
Инстант кафе пијат луѓе кои секогаш ги одложуваат своите обврски и кои се по малку мрзеливи.
Слатки кафе-напитоци, ледено кафе и мешани кафиња, пијат храбри луѓе кои се сметаат себеси за пораснати деца.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Па јас секакво пијам …зависи од расположение 🙂
pijam kafe kakvo sto imam vo momentot a inaku go obzuvam makedonskoto crno kafe