Шолја за кафе на која мора да ѝ кажете ДА
Оваа шолја е одличен предмет со кој момците можат да ја тестираат подготвеноста на нивните девојки за брак. Спакувана во голема кутија за накит, кога ќе се отпакува се гледа само блескавиот прстен, кој е всушност рачката на шолјата. Основната верзија на шолјата е направена од бел порцелан, а рачката може да биде во златна или во сребрена варијанта, украсена со Сваровски кристали.
Шолјата 2 Carat Cup можете да ја носите на својот прст, додека истовремено ја користите за пиење кафе. Дизајнирана е од јапонскиот дизајнер Јуске Фуџинума, а може да се нарача од многу сајтови на интернет.
Шолјата сега ја има во многу различни бои, почнувајќи од платинум црна, па сè до пастелните виолетова, светлосина, мастило сина и розова.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
E bogami decko mi da me iznenadi so soljava, tesko deka bi mozela da go odbijam, i pokraj toa sto sme uste mladi 😀