Претходно
Рецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денот
Ако барате брз и вкусен леден десерт, има многу десерти кои можат да се направат со малку состојки. Таков е и овој леден рецепт со кафе!
Најдобриот дел од овој рецепт е што е многу лесен за подготовка, а потребни ви се само 10 минути. Погледнете го рецептот во продолжение.
Потребни состојки:
- 250 милилитри топло кафе (инстант или еспресо)
- 40 милилитри топло чоколадо
- Шлаг
- Прелив од чоколадо
- Сладолед
Начин на подготовка:
- Во една чаша или сад измешајте ги топлото кафе и топлото чоколадо.
- Во друга чаша ставете сладолед колку што сакате, а потоа истурете ја топлата мешавина од кафе и чоколадо.
- Украсете со шлаг и прелив од чоколадо.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.