Пилинг од кафе, мед и маслиново масло
Љубителите на кафето не само што живеат подолго, тие исто така се поубави! Употребата на кафето не мора да се ограничи само за расонување и енергија, туку и за разубавување. Покрај тоа што е лек за повеќе болести, кафето може да се најде како дел од козметичките препарати за разубавување.
Благодетите на кафето се многубројни, а во комбинација со мед и маслиново масло ќе добиете одличен ексфолијант. Ја чисти и освежува кожата, а исто така е природен антиоксидант.
Потребни состојки:
- 1 филџан крупно мелено кафе
- ½ филџан мед
- неколку лажички маслиново масло
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги горенаведените состојки и нанесете на претходно измиено лице. Нанесувајте го со нежни кружни движења во насока кон надвор. Откако добро ќе ја вмасирате смесата, оставете ја неколку минути на лицето и мирувајте. Потоа темелно исплакнете го лицето. Не повторувајте го пилингот премногу често, доволно е еднаш на две недели или еден месец. Истите состојки, само во поголеми количини може да ги искористите за правење пилинг на тело.