Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!
Новата студија спроведена од страна на шпанските научници покажала дека честото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од смрт.
Истражувањето го презентирал Европскиот конгрес на кардиолози во Шпанија. Податоците покажуваат дека личностите кои дневно консумираат најмалку 4 шолји кафе имаат за 64% помал ризик од смрт во споредба со оние кои воопшто не консумираат кафе или многу ретко.
Во истражувањето кое траело 10 години учествувале 20.000 испитаници.
Исто така, личностите постари од 45 години имаат за 30% помал ризик од смрт доколку пиеле 2 дополнителни шолји кафе дневно.
Кардиологот на болницата во која е спроведено истражувањето, Адела Наваро изјавила дека 4 шолји дневно се совршената бројка. Ова истражување дало слични податоци како и двете претходно објавени истражувања во текот на оваа година кои укажуваат на тоа дека кафето позитивно делува на организмот.
Прочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.