„Нано“ – кафе-масички со ЛЕД технологија

„Нано“ – кафе-масички со ЛЕД технологија

Кафе-масичките „Нано“ претставуваат сет составен од два елементи со различна висина. Дизајнирани се од Менегело Паолел за потребите на компанијата „Emoh“, а истите му ја донесоа наградата „Red Dot“ за дизајн на продукт за 2010 година.
„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологијаДвете масички имаат тркалезна површина која лежи на столбови во форма на пресечен конус. Површината на масата е лакирана со метакрилат, а од страните се поставени ленти со ЛЕД технологија, благодарение на кои рабовите светат, на овој начин создавајќи интимна атмосфера.
„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија„Нано“-масичките имаат едноставен, но елегантен дизајн. Тие се состојат од конусна основа, кој се шири надолу, правејќи ја масичката постабилна. Достапни се со и без ЛЕД технологијата, а нивните висини изнесуваат 50 и 35 сантиметри. Сетовите се достапни во неколку варијации и во неколку бои со црна и бела основа.
„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија„Нано“ кафе масички со ЛЕД технологија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар