Претходно
Мока лате за љубителите на здравиот живот
Едноставен рецепт, погоден дури и за оние што не консумираат лактоза
Потребни состојки:
- 230 милилитри филтер кафе, оставено да отстои во фрижидер преку ноќ
- 230 милилитри оладено кокосово млеко од конзерва
- 1 супена лажица какао во прав
- 1 супена лажица мед (дозата може да се менува по ваш вкус)
- 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Ставете ги кокосовото млеко и кафето во блендер, па почнете да матите на ниска брзина и постепено покачувајте до највисока брзина. Матете на висока брзина околу 30-тина секунди. Потоа додајте ги останатите состојки и продолжете со матење. Повторно почнете од ниска брзина и зголемувајте до највисока, па задржете се таму 15-тина секунди, односно сè додека состојките не се целосно комбинирани. Сипете го кафето врз лед и уживајте!
Дополнителен совет: Ако сакате да направите топло мока лате, тогаш користете топли состојки. Исто така, по додавањето на какаото во прав и медот, матете 2-4 минути.