Летен овошен десерт со кафе кој ќе ве освежи и расони дури и во најтоплите денови

Летен овошен десерт со кафе кој ќе ве освежи и расони дури и во најтоплите денови

Вкусно освежување и расонување за време на топлите летни денови

(1) Летен овошен десерт со кафе кој ќе ве освежи и расони дури и во најтоплите денови

Потребни состојки:
  • 115 грама пишкоти
  • 200 милилитри свежо подготвено кафе
  • 5 лажици амарето ликер
  • 200 грама темно чоколадо
  • 225 грама маскарпоне
  • 300 милилитри слатка павлака
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 4 јајца
  • Цреши
Начин на подготовка:

Подгответе го кафето и почекајте да се олади, а потоа измешајте го со ликерот. Искршете ги пишкотите на парчиња и наместете ги во мал сад, па сипете го кафето врз нив. Матете ја жолчката со шеќерот во прав сè додека смесата не стане густа. Додајте ги маскарпонето со слатката павлака, а потоа и претходно изматените белки. Следен чекор е да ги искршите коцките чоколадо и да ги растопите на пареа.

Подгответе ги чашите за овој десерт и на нивното дно турете малку од смесата. Наредете еден ред пишкоти, а врз нив сипете го растопеното чоколадо. Декорирајте со цреши. Оставете ги чашите 1 час во фрижидер, а потоа послужете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар