Коктел со кафе и текила за будење на сите сетила
Вкусен коктел одличен за загревање пред бурна ноќ 🙂Сигурно ви се случило да се спремате за некоја добра журка или средба со пријателите, а да сте толку исцрпени што не знаете како ќе издржите цела ноќ. Иако напорните денови ни ја одземаат скоро цела енергија не смееме да дозволиме забавата да помине без нас. Токму затоа ви го препорачуваме овој одличен коктел кој не само што е вкусен туку и ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве подготви за нови незаборавни моменти.
Потребни состојки:
- 40 мл текила
- 15 мл ликер од кафе
- 1 шолја кафе
- 2 супени лажици агаве нектар
- 1/2 шолја шлаг пена
- 1 кафена лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка: Во еден сад се ставаат шлаг пената, екстрактот од ванила и агаве нектарот и се матат добро додека не се згусне целата смеса. Настрана се мешаат кафето, ликерот од кафе и текилата и над нив се додава првата смеса. Се декорира со рендано морско оревче. Уживајте!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Мммм, вкусно, ама каде да најдам агаве нектар? 🙂
Драга Вера,
Агаве нектарот е засладувач кој може да се најде во поголемите маркети, но доколку не успееш да пронајдеш како замена можеш да употребиш шеќер. Пиши ни како ти се допадна коктелот 🙂