Кое е идеалното време за пиење на утринското кафе?
Според едно истражување спроведено од американскиот Универзитет за воена медицина, внатрешниот часовник на луѓето, најдобро реагира на кафето по 9 часот наутро.
Според добиените резултати од истражувањето најдобар период за пиење кафе во денот е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, како и во периодот помеѓу 16:30 и 18:30 часот. Како причина за ова го навеле кортизолот, хормон кој ја зголемува будноста, кој во тој период е на најниско ниво.
Кортизолот многу лесно реагира на кофеинот, па затоа треба да се внимава на времето на пиење на првото кафе. Луѓето кои го пијат првото кафе помеѓу 8 и 9 часот наутро, кога кортизолот е на највисоко ниво, развиваат толеранција на кофеин, со што се намалува неговото дејство.
Па така, колку е повисоко нивото на кортизолот, толку е поголем ризикот да се збогувате со придобивките од кофеинот. На овој начин кафето почнува да не делува, па телото бара да се напиете нова шолја за да се разбудите.
„Како што не треба да претерувате со лекови, така не треба ни да претерувате со кафето. Треба да го темпирате времето, а не да пиете кога телото е најмногу будно, бидејќи тогаш ќе дојде до контраефект“ – објаснува неврологот и научник, Стивен Милер.
Сепак, тој наведува дека нивото на кортизол во текот на денот варира од еден до друг човек, па така и најдоброто време за пиење кафе, исто така се разликува кај различни луѓе. Така на пример, кај луѓето кои стануваат многу рано нивото на кортизолот опаѓа порано, во однос на оние кои стануваат подоцна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.