Кафето во служба на убавината
Кафето содржи многу корисни состојки, како што се овошни и органски киселини, масти, алкалоиди, минерали, магнезиум, калиум и железо. Тоа содржи и масло кое е богато со линолеична киселина, која го спречува стареењето на кожата, а има и противвоспалителни својства. Кафето без сомнение е многу корисно, но не само за пиење, туку и како козметичко средство.
Освежителен лосион за лице
Сварете јако кафе, ставете го во калап за мраз и замрзнете го. Потоа со парче мраз избришете го лицето. Ваквиот лосион од кафе, исклучително добро ја освежува кожата на лицето.
Лосион за тонирање на кожата
Ако наутро го пребришете лицето со памук натопен во свежо сварено кафе ќе добиете не само изедначена боја на кожата туку и благо затемнет тен.
Маска против брчки
Додајте една лажица брашно од ’рж во сварено и изладено јако кафе и мешајте додека да добиете фина густа смеса. Потоа додадете една жолчка и повторно промешајте. Оваа смеса нанесете ја на лицето, држете 15 минути, а потоа убаво исплакнете го.
Третман против целулит
Распоредете топло мелено кафе на проблематичните делови на вашето тело и завиткајте ги со пластична фолија. Оставете кафето да делува 15–20 минути, а потоа исплакнете. Овој третман можете да го применувате два пати неделно. Исто така, можете едноставно да ставите мелено кафе во вашиот гел за туширање и нежно да се масирате секогаш кога се туширате.
Маска за темна коса
Изматете две жолчки и во нив додајте една лажица рум, две лажици топла вода, една лажица мелено кафе и една лажица растително масло. Оваа смеса нанесете ја на косата и оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете со топла вода.
За сјај на темна коса
Ако сакате инстантно да го вратите сјајот на вашата темна коса, сварете јако кафе, изладете го, процедете го низ газа и сипете го во шише со прскалка. Потоа попрскајте ја косата и внимателно исчешлајте ја.
Откако ќе се разубавите со овие рецепти, не заборавајте да прочитате и зошто не треба да го фрлате талогот од вашето кафе.
Ima li nekoj probano neshto od ova?