Индиско макијато
Ист вкус, различна подготовка во индиски стилПотребно за две шолји:
- 2 лажици инстант кафе
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица ладно млеко
- 200 мл ладно млеко
- 100 мл топло млеко
- какао во прав
Подготовка: Во сад ставете ги кафето и шеќерот. Убаво измешајте ги, па ставете 1 лажица ладно млеко. Со лажица мешајте додека да се растопи шеќерот и потоа уште околу 7-8 минути додека да добиете густа, но мазна смеса. Во две чаши ставете по 50 мл топло млеко. Во млекото распоредете го миксот од кафе и шеќер. Убаво измешајте додека да се соедини. На крај, дополнете ги чашите со по 100 мл ладно млеко и декорирајте со какао.
———————————————————————————————————————————————————————-
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.