Енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе
Ова здраво смуди зачинето со кафе, многу протеини и витамини е одлична опција за енергетски оброк. Зеленчукот во смудито ќе ви даде дополнителни хранливи материи, а притоа нема да влијае на вкусот.
Потребни состојки:
- 180 милилитри вода
- 60-120 милилитри ладно инстант кафе
- една доза протеин од сурутка во прав или кој било друг протеин
- 1 лажица незасладен путер од бадеми или кој било друг путер од јатки
- 1 лажица какао (по избор)
- 1 лажица мед или јаворов сируп (повеќе или помалку по вкус, по избор)
- 1 лажица ленено семе или чиа
- ½ лажичка мака во прав (по избор)
- една рака свеж или замрзнат кељ, спанаќ или зелена салата
- неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер (освен коцките мраз). Блендирајте додека смесата не се изедначи. Додајте ги коцките мраз и повторно блендирајте. Додајте повеќе вода ако вашиот пијалак е премногу густ.
Дополнителни информации:
Маката во прав е додаток добиен од перуанскиот мака корен (понекогаш се нарекува и перуански женшен) и се верува дека дава многу енергија, но не мора да го додадете ако не сакате.
Чоколадниот протеин во прав е исто така одличен додаток за ова енергетско смуди.
Пробајте го и овој рецепт за вегански пијалак со кафе по кој полуде светот.