Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

Свежо подготвеното кафе има околу 100 степени и откако ќе го сипете во шолја неговата температура за само неколку минути се симнува на 50 степени. Откако ќе ја достигне оваа температура, потоа почнува побавно да опаѓа. Но, дали бојата на шолјата има некакво влијание врз тоа колку брзо целосно ќе се олади вашето кафе?

Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

Сте забележале ли како за време на топлите летни денови, доколку носите црна блуза ви е многу потопло отколку кога носите бела? Причината е едноставна, темните предмети повеќе апсорбираат топлина. Истото се случува и со кафето. Доколку сакате вашето кафе побрзо да се олади, тогаш би требало да го сипете во црна шолја бидејќи таа побрзо ќе ја апсорбира неговата топлина.

Оваа приказна има две страни. Бидејќи темната боја емитува повеќе топлина од светлата, доколку сакате да воспоставите баланс осветлете го кафето на некој начин. Доколку сакате тоа побрзо да ви се олади, не пијте црно кафе и додајте му млеко или шлаг. Интересно како науката се наоѓа во секој дел од нашиот живот, се согласувате?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар