ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

Во Лондон за време на раните 1900-ти години, Џорџ и Ејми се обидуваат да почнат заеднички живот кој ќе биде прекинат од марсовска инвазија на Земјата

Главни улоги: Еленор Томлисон, Рејф Спал, Џонатан Арис

Жанр: драма, научна фантастика

Премиера: 6 октомври 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 40 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 5,00 од 10)
Loading...

 

Изгледа дека никогаш нема да ни здодее да гледаме како оживуваат дел од нашите омилени приказни, особено оние што се култни како книгата „Војна на световите“ (The War of the Worlds) од Х. Г. Велс. Овој пат, преку кратка ТВ серија, имаме можност да видиме британска верзија на епскиот напад на Земјата од страна на напредна вонземна раса. И иако Том Круз овој пат не е дел од тимот, сепак приказната има добар потенцијал.

Пред да решите дали ќе ја гледате оваа ТВ серија треба да ве предупредиме дека не е толку динамична и брза како книгата или пак, како досегашните адаптации. Приказната тече бавно, дозволувајќи ни да впиеме што е можно повеќе детали од околината и карактерите. Ова ќе ве направи да се чувствувате како и вие да сте дел од настаните. Што се однесува до специјалните ефекти, подобро е да не очекувате многу бидејќи можете да бидете разочарани.

Најдобриот дел од оваа приказна е внимателно одбраниот тим актери кои завршуваат навистина добра работа. Еленор Томлисон сјае во улогата на тврдоглавата Ејми која е вистинскиот протагонист на приказната. Може слободно да се каже дека таа и ја носи целата ТВ серија на својот грб. Но да не должиме и да не случајно ви откриеме нешто што не треба – ако сте расположени за добра научна фантастика базирана на класика, дајте ѝ шанса на серијата!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар