ТВ серија: Теленовела (Telenovela)

ТВ серија: Теленовела (Telenovela)

Комедија која ни го покажува животот зад сцената на една позната теленовела и нејзината главна ѕвезда

(1) ТВ серија: Теленовела (Telenovela)Главни улоги: Ева Лонгорија, Хенкарлос Канела, Дијана Марија Рива

Жанр: комедија

Креатори: Криси Пјетрош, Џесика Голдстејн и Роберт Харлинг

Премиера: 7 декември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8,08 од 10)
Loading...

Ана Софија (Ева Лонгорија) е ѕвездата на хит теленовелата „Las Leyes de Pasión“, дури и покрај тоа што не знае ниту еден збор на шпански јазик. Таа мислела дека има сè и дека нејзината кариера од тука може да оди само нагоре, но телевизиската мрежа одеднаш ќе одлучи да го додаде нејзиниот бивш маж, Хави (Хенкарлос Канела), во шоуто, размрдувајќи го целиот нејзин свет. Тие сега мора да се натпреваруваат за кој ќе биде омилениот кај телевизиската екипа, како и кој ќе го добие главното место под сценските светла.

(2) ТВ серија: Теленовела (Telenovela) (3) ТВ серија: Теленовела (Telenovela)

Станува збор за една од оние американски ТВ серии чија приказна е составувана на истиот начин како познатите шпанските теленовели, па оттука и го добила своето име. Ева Лонгорија по 3-годишна пауза повторно се враќа на малите екрани, со нејзината препознатлива впечатливост и шарм, но овој пат во малку покомично издание отколку во „Очајни домаќинки“. Не можеме да кажеме дека оваа серија е нешто досега невидено, ниту пак, дека е урнебесна во однос на другите од овој жанр, но сепак е одлична за во оние моменти кога едноставно сакате да се насмеете, опуштите и да ги оттргнете вашите мисли од секојдневните грижи и проблеми.

(4) ТВ серија: Теленовела (Telenovela) (5) ТВ серија: Теленовела (Telenovela)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар