ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

Невидлива сила манипулира со најневините од општеството – малите деца

(1) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)Главни улоги: Вило Ментимилиа, Бери Слоан, Лили Рејб

Жанр: драма, мистерија, научна фантастика

Креатор: Соо Хју

Премиера: 1 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 8,25 од 10)
Loading...

Приказната започнува со серија несреќи во кои се вмешани мали деца. На почетокот никој нема да ги поврзе нивните случаи, но како што ќе поминува времето така ќе се открие и дека овие деца имаат исто имагинарно пријателче, наречено Дрил. Агентката Клер Бениган (Лили Рејб), која е специјалист за деца, ќе сфати дека Дрил всушност воопшто не е имагинарен, баш напротив, тој е реално суштество кое има способност да комуницира само со најмалите.

(2) ТВ серија: Шепотења (The Whispers) (3) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

Поради непознати причини, Дрил не може да стапи во контакт со возрасните, па токму затоа и ги користи малите деца, кои преку игри ги извршуваат неговите наредби. Тој им ветува дека доколку победат во играта, односно доколку ја исполнат потребната цел, ќе го добијат она кое го посакуваат. Без разлика за што станува збор. И бидејќи тој си стои на зборот, децата неизмерно му веруваат и постојано си играат со него. Но, кој е всушност Дрил и најважно од сè, што тој сака од оваа планета и луѓето?

(4) ТВ серија: Шепотења (The Whispers) (5) ТВ серија: Шепотења (The Whispers)

Станува збор за мистериозна приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Иако на прв поглед така делува, приказната не вклучува духови или натприродни сили, туку нешто сосема друго. Доколку решите да ѝ дадете шанса, ви ветуваме дека нема да бидете разочарани, баш напротив, постепеното развивање на настаните и погледот кон интимниот живот на секој од главните ликови ќе ве натера да се внесете целосно во приказната. Вие без да забележите ќе почнете да носите претпоставки за она што се случува, исто како да сте покрај ликовите во центарот на настаните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар