ТВ серија: Проклетство во куќата Хил (The Haunting of the Hill House)

ТВ серија: Проклетство во куќата Хил (The Haunting of the Hill House)

Движејќи се меѓу минатото и сегашноста, распаднато семејство се соочува со паранормалните сеќавања од нивниот стар дом, и застрашувачките настани што ги истерале од него

Главни улоги: Мајкл Хуизман, Карла Гугино, Хенри Томас

Жанр: хорор, драма, фантазија

Креатор: Мајк Фланаган

Премиера: 12 октомври 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

„Проклетството во куќата Хил“ е адаптација на готскиот-хорор роман од 1959 година на писателот Ширли Џексон. Но, и покрај тоа што спаѓа во овој застрашувачки жанр, нема да гледате карактеристични крвави сцени со расфрлени црева и отсечени глави – нешто што е како еден вид тренд кај овие серии и филмови. Наместо тоа, ќе се соочите со нешто многу, многу пострашно и поморничаво! Дејството го следи животот на едно семејство што се обидува да заздрави од минатото, кога живееле во една од најпознатите куќи со духови во Америка. Сè започнува со децата, кои биле разделени од животот, но по трагичната смрт на едно од нив, тие се повторно споени заедно. Заедно со нивниот татко.

Овој настан ќе ги натера да фрлат поглед на својот живот и да ги преиспитаат сите свои одлуки што довеле до нивното разделување. Тие исто така треба да ги преиспитаат и сите оние нешта што им се случиле во куќата Хил, и да откријат што навистина се случило кога биле деца, чија вина било, и дали можеби постојат некои необјасниви зли сили што можеби повторно ќе се вратат во нивниот живот. Оваа ТВ серија е совршена комбинација од психолошки трилер и паранормален хорор, заедно со доволна доза драма. Токму тоа ја прави една од најдобрите хорор приказни на малото платно во последниве години. Па, ако сте расположение за малку терор, знаете која серија треба да ја пуштите овој викенд на Нетфликс!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар