ТВ серија: Музички собир (The Get Down)

ТВ серија: Музички собир (The Get Down)

Група тинејџери се оставени сами да се снаоѓаат на опасните улици на Бронкс во 70-тите години

ТВ серија: Музички собир (The Get Down)Главни улоги: Џастис Смит, Херизен Гуардиола, Шамеик Мур

Жанр: драма, мјузикл

Креатори: Баз Лурман и Стивен Адли Гуиргис

Премиера: 4 април 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 52 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 7,00 од 10)
Loading...

Австралискиот креатор на филмови, Баз Лурман, навистина знае како да изгради нереален свет. Режисерот зад филмовите „Мулен руж“, „Ромео + Јулија“ и „Големиот Гетсби“ го носи својот поларизиран, хипер визуелен стил од филмското платно на малите екрани со оваа нова оригинална телевизиска музичка драма. Првата сезона е достапна на Нетфликс, а втората моментално се снима и се очекува да пристигне во 2017 година.

Иако групата ликови кои се во центарот на приказната се измислени, сепак позадината на ТВ серијата е многу позната. Дејството се одвива во Бронкс за време на 70-тите години – период кога ова место било опасно за живеење. Џастис Смит ја има главната улога. Тој го толкува ликот на младиот Езикиел „Зик“ Фигеро, поет и романтичар, кој е заљубен во својата најдобра пријателка Мајлин Круз (Херизен Гуардиола) – диско ѕвезда во своето срце, со неверојатен талент за пеење, но спречена да ги оствари своите соништа од страна на нејзиниот конзервативен татко.

Животот на Зик целосно ќе се промени откако ќе се сретне со слободоумниот артист за графити, Шаолин Фантастик (Шамеик Мур), кој има желба да стане диџеј. Заедно, тие создаваат група која ќе воведе револуција во музиката, додека истовремено се борат и со тешкиот уличен живот во Бронкс. Иако тие ја чувствуваат музиката во својата крв, сепак сакаат да направат и промена во својот град, да се изборат за неговата безбедност и да го спасат од уништувањето кое долго време ги тера жителите да живеат во страв.

На кратко, оваа ТВ серија може да се гледа и како еден вид историска фикција. Голем дел од ликовите, врските и нивните патишта се целосно измислени, но вклучува вистински настани што се случувале во Њујорк за време на 70-тите години. Имајќи го тоа на ум, ќе имате можност да видите оригинална приказна која ја раскажува вистината за една хаотична ера во која се родиле иконски форми на уметноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар