ТВ серија: Марчела (Marcella)

ТВ серија: Марчела (Marcella)

Откако нејзиниот брак ќе се распадне, таа се враќа назад на работа, како детектив во потрага по сериски убиец

(1) ТВ серија: Марчела (Marcella)Главни улоги: Ана Фриел, Реј Пантаки, Нина Сосања

Жанр: криминал, драма, трилер

Креатор: Ханс Росенфелт

Премиера: 4 април 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

Првата сцена започнува со жена во када. Таа е со модрици и збунета, крвава. Ако добро го забележите нејзиниот лик, ќе дојдете до заклучок дека таа не знае ништо повеќе од нас за тоа што се случило. Набрзо приказната нè враќа неколку недели наназад и веднаш сфаќаме дека жената во кадата е всушност главната улога во ТВ серијата – Марчела (Ана Фриел). И како што настаните продолжуваат, така сцената со кадата ќе станува сè поамбивалентна. Едноставно нема да можете да не се запрашате дали Марчела е жртва на кривично дело или пак, сторителот?

(2) ТВ серија: Марчела (Marcella)

Пред таа да се најде крвава во кадата, откриваме дека е сопруга и мајка, која се откажала од детективската кариера пред една декада за да може да се посвети на своето семејство. Но, нештата многу брзо ќе се сменат. По многу години во брак, нејзиниот сопруг ја напушта. Брзо потоа, еден од детективите со кои порано работела, ќе тропне на нејзината врата, барајќи помош за серија убиства со гушење, слични на оние на кои таа работела пред да ја напушти работата.

(3) ТВ серија: Марчела (Marcella)

И покрај тоа што имало главен осомничен, никој не бил осуден за овие злосторства кои одеднаш прекинале. Но, изгледа истиот убиец повторно се враќа во акција, бидејќи сцените кои ги остава зад себе се идентични на оние во минатото. Марчела веднаш се насочува кон тогашниот главен осомничен, но се насобираат многу докази кои водат во сосема спротивна насока. Дали таа е во право или пак, греши, само времето ќе ни покаже.

(5) ТВ серија: Марчела (Marcella)

Имајќи го сè ова на ум, оваа ТВ серија не обработува само една потрага по убиец. Приказната е многу покомплицирана и како што ќе поминуваат минутите, така ќе сфаќате дека всушност многу споредни нешта кои се случуваат во позадината влијаат на главните настани. Исто така сè би било помалку комплицирано ако Марчела беше сосема обична детективка, на која сите ние можеме да ѝ веруваме. Што значи тоа? Па, кога е под дејство на екстремен стрес, таа целосно се исклучува и станува склона на насилство кое најчесто не го помни (ниту пак ние имаме можност да го видиме, со исклучок на неколку кратки и нејасни сцени).

(4) ТВ серија: Марчела (Marcella)

Овие дупки во приказната оставаат многу прашања неодговорени. Таа работи на случајот со серискиот убиец, но паралелно се обидува да ја реши и мистеријата зад своите исклучувања. Дали и таа направила нешто непростливо или пак, само се нашла во погрешно време на погрешно место? Приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, поради што и ако сакате мистерии, ќе бидете задоволни од тоа што го гледате!

(6) ТВ серија: Марчела (Marcella)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар