ТВ серија: Љубовна приказна во Менхетен (Manhattan Love Story)
Сте се запрашале ли што се врти во главата на вашиот партнер за време на состаноците?
Главни улоги: Анели Типтон, Џејк Мекдорман, Николас Врајт
Жанр: комедија
Креатор: Џеф Лоуел
Премиера: 30 септември 2014
Број на сезони: 1
Времетраење: 30 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Оваа интересна и едноставна ТВ серија нè води во главите на Дејна (Анели Типтон) и Питер (Џејк Мекдорман) кои се на почетокот од една необична љубовна врска. Дејна се преселила во Њујорк со цел да ја работи работата од нејзините соништа и додека „застане на свои нозе“ живее кај својата пријателка Ејми и нејзиниот сопруг Дејвид. Ејми со цел Дејна да не се чувствува како трето тркало ќе го убеди нејзиниот сопруг да му каже на неговиот брат, Дејвид, да ја покани Дејна на состанок. И токму тогаш ќе започне една од најнесекојдневните врски кои некогаш сте ги виделе.
Питер, кој е познат како женкар, за првпат во неговиот живот ќе почувствува нешто подлабоко за девојка, додека пак, Дејна која најудобно се чувствува во сериозна и стабилна врска, ќе почне да ги открива сите оние нешта кои состанувањето без обврски ги носи со себе. Но, она што е навистина интересно кај оваа приказна е тоа што во секој момент знаеме точно што тие двајца размислуваат. Нивните внатрешни монолози даваат сосема нова димензија на овој жанр и токму затоа таа се издвојува од останатите нови ТВ серии кои ја обработуваат оваа тема. Да не должиме, ако сте расположени за романтична комедија која е лесна за гледање, „Љубовна приказна во Менхетен“ е одличен избор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Се убаво за серијава,ама ја откажаа после 4 епизоди.
Ej, top ste, serijata e otkazana veke so samo 4 epizodi 🙂
Фала Филип 🙂
Инаку серијата е откажана ден откако е објавена оваа рецензија. Навистина имаме многу вештини кои ги применуваме во работата, предвидувањето за жал не е една од нив. 🙂
Поздрав