ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)

ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)

По 30 години поминати во криење од злото во шумата, Еш станува единствената шанса за спасот на човештвото

(1) ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)Главни улоги: Брус Кемпбел, Џил Мери Џоунс, Реј Сантијаго

Жанр: акција, комедија, хорор

Креатори: Ива Раими, Сем Раими, Том Специали

Премиера: 31 октомври 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Ако сте го гледале хоророт „Evil Dead“ од 1981 година, тогаш веќе добро знаете кој е Еш. Оваа ТВ серија продолжува 30 години подоцна, кога Еш е осаменик и живее едноставен живот, сè уште криејќи се од она што се случило во куќата во шумата. Но, по враќањето на истото зло во светот, по негова вина, тој ќе мора конечно да се исправи на своите нозе и да застане на патот на злобните мртви со цел да ги спречи да го уништат човештвото. Тој е можеби единствената шанса која луѓето ја имаат за спас.

(3) ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)(2) ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)

Станува збор за хорор приказна со хумористични елементи која истовремено ќе ве ужасува, но и смее. Брус Кемпбел добро го познава својот лик, Еш, кој мора да признаеме дека е како измислен за него и со тоа само дополнително ја прави оваа серија одлична за гледање. Па, доколку сте расположени за добра забава проследена со многу крв, злоба и мртви подготвени на најзастрашувачка одмазда, тогаш оваа ТВ серија е совршен избор за вас. Имајте на ум дека и покрај тоа што е комедија, сепак има вознемирувачки сцени, па доколку не сте фан на хорор жанрот, има шанси да не ви се допадне.

(4) ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead) (5) ТВ серија: Еш против злобните мртви (Ash vs Evil Dead)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар